Претседател на Грузија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Претседател на Грузија
საქართველოს პრეზიდენტი
Standard of the President of Georgia.svg
Функционер
Саломе Зурабишвили

од 26 јануари 2017 г.
НазначувачНепосредни народни избори, Изборен колегиум (Од 2024)
МандатШест години (само од 2018 до 2024)
Пет години (од 2024 натаму)
Основачки документУстав на Грузија
ПретходникПретседател на Уставотворното Народно собрание
Создадена14 април 1991;
пред 28 години
 (1991-04-14)
Прв функционерЗвиад Гамсакурдиа
Мреж. местоОфицијален вебсајт

Претседател на Грузија (грузиски: საქართველოს პრეზიდენტი) — уставен претседател на државата Грузија, како и врховен командант на одбранбените сили. Претседателот ја претставува Грузија во надворешни односи со другите земји. Уставот го дефинира Кабинетот на претседателот како „гаранција за единството земјата и нејзината национална независност“.

Улогата на претседателот е главно церемонијална, како и во другите парламентарни демократии. Премиерот е шеф на владата. Кабинетот за првпат бил воведен од Врховниот совет на Република Грузија на 14 април 1991 година, пет дена по прогласувањето на независноста на Грузија од Советскиот Сојуз. Претседателот има петогодишен мандат.

Квалификации[уреди | уреди извор]

За претседател на Грузија може да биде избран секој/а граѓанин/граѓанка на Грузија, кој/а има право на глас, кој/а има наполнето 40 години од својот живот, и кој/а живеел/а во Грузија најмалку 15 години. Кабинетот не може да го држи државјанин/државјанка кој/а е истовремено и државјанин/државјанка на друга земја. Претседателот на Грузија не може да биде член/ка на политичка партија.

Избор[уреди | уреди извор]

Според грузискиот устав од 2018 година, почнувајќи од 2024 година, претседателот ќе се избира со мандат од пет години од страна на 300-члениот Изборен колегиум, кој ќе се состои од сите членови на Парламентот на Грузија и врвните претставнички тела на автономните републики Апхазија и Аџарија, како и од членовите на преставничките тела на локалните власти (општините). Истото лице може да биде избрано за претседател на Грузија само двапати. Најмалку 30 членови на Изборниот колегиум ќе имаат право да именуваат кандидат/ка за претседател на Грузија. Собранието го именува изборот на претседател на Грузија за октомври.

Отповикување[уреди | уреди извор]

Најмалку една третина од вкупниот број на членови на Собранието има право да постави прашање за отповикување на претседателот на Грузија. Претседателот би се сметал/а за отповикан/а, ако одлуката биде подржана од најмалку две третини од пратениците. Постапката за отповикување на претседателот е уставно забранета при вонредни или воена состојба.

Уставни овластувања и дожности[уреди | уреди извор]

1. Претседателот на Грузија:

a) Со согласност со Владата, има репрезентативни овластувања во надворешните односи, во преговори со други држави и меѓународни организации, да склучува меѓународни договори, да прифаќа акредитација на амбасадори и други дипломатски претставници на странски држави и меѓународни организации; по совет на владата, да ги именува и разрешува амбасадорите и другите шефови на дипломатските мисии на Грузија;

б) Да склопува уставен договор со Апостолската автокефална православна црква на Грузија во име на државата Грузија;

в) Да распишува избори во Собранието и органите на локалната самоуправа во согласност со уставот и постапките утврдени со закон;

г) На предлог на владата, да ги именува и разрешува командантите на грузиските одбранбени сили; да назначува еден член на Високиот совет за правда; да учествува во именување на претседател и членови на Централната изборна комисија на Грузија, во случаи определени со закон и во согласност со утврдените постапки; на предлог на владата да доставува до Собранието кандидати за членство во националните регулаторни тела;

д) Да одлучува по прашањата за државјанство, во согласност со постапките утврдени со закон;

ѓ) Има право да помилува затвореници;

е) Во согласност со постапките утврдени со законот, да доделува државни награди, да доделува највисоки воени чинови, специјални чинови и почесни титули; и највисоки дипломатски звања;

ж) Има право да на предлог на владата и во согласност со Парламентот да ја суспендира работата на претставнички тела на територијални единици или да го распушти таковиот орган, ако неговите акции ја загрозуваат независноста или територијалниот интегритет на земјата, или остварување на уставните овластувања од страна на државните органи;

з) има право и на други овластувања утврдени со Уставот.

  1. Претседателот на Грузија има право да се распишува референдум за прашања утврдени со Уставот и законот, по барање на Парламентот на Грузија, Владата на Грузија, или најмалку од 200 000 гласачи, во рок од 30 дена по примање на таквото барање. Референдумот не се распишува со цел ако треба да се донесе или укине закон, за амнестија или помилување, за ратификација или откажување на меѓународни договори или одлуки по прашања кои предвидуваат ограничување на основните уставни човекови права. Прашањата поврзани со распишување и спроведување на референдум се утврдуваат со органски закон.
  2. Претседателот на Грузија има право да му се обрати на народот. Претседателот поднесува годишен извештај до Собранието за клучни прашања поврзани за државата.

Заклетва[уреди | уреди извор]

Пред преземањето на должноста, третата недела по изборите, новоизбраниот/та претседател на Грузија треба да се обрати на народот и да положи заклетва:

Имунитет[уреди | уреди извор]

Претседателот ужива имунитет. Во текот на својот мандат не може да биде уапсен, и за него не може да се покрене кривична постапка. Во случај да претседателот на Грузија не може да ја врши својата должност, или во случај на предвремен престанок на мандатот на претседателот, претседателот на Собранието ги врши должностите на претседателот на Грузија. Безбедноста на претседателот на Грузија ја обезбедува Специјалната служба за државна заштита.[1]

Стандард[уреди | уреди извор]

Стандардот е прилагоден на државното знаме на Грузија, кој во средиштето го има грбот на Грузија. Копии од стандардите се користат во кабинетот на претседателот, во зградата на кабинетот, во другите државни агенции, и како знаменца на автомобили кои го носат претседателот на територијата на Грузија.

Историја на кабинетот[уреди | уреди извор]

По формалното отцепување на Грузија на 9 април 1991 година од Советскиот Сојуз, Врховниот Совет на 14 април изгласал формирање на кабинет на извршниот претседател. За оваа должност бил назначен Звиад Гамсакурдиа, која требал да ја врши до одржувањето на непосредни избори. На националните избори за оваа функција, на 26 мај 1991 година, победил Звиад Гамсакурдиа со што станал првиот претседател на Република Грузија. Звиад Гамсакурдиа бил симнат од власт со воен удар во јануари 1992 година. Тој продолжил да функционира како претседател во егзил, се до неговата смрт по неуспешниот обид да ја поврати власта во декември 1993 година.

Во отсуство на легитимна власт по воениот удар, на 10 март 1992 година била воведена позицијата шеф на државата, а на таа позиција бил ставен Едвард Шеварднадзе. По донесувањето на новиот Устав на 24 август 1995 година, местото на претседател било повторно воспоставено. Шеварднадзе бил избран за претседател на 5 ноември 1995 година, а и на следните избори, на 9 април 2000 година, тој бил повторно избран. Оставката ја поднел под притисок на масовните демонстрации познати и како Револуција на розите на 23 ноември 2003 година. По краток мандат на Нина Бурјанадзе како вршител на должноста на претседател, на 4 јануари 2004 година бил избран Михаил Саакашвили. Тој не го завршил својот прв мандат, туку доброволно дал оставка, за да ги смири тензиите по грузиските демонстрации во 2007 година. Сакашвили бил повторно избран на 5 јануари 2008 година. Уставната моќ на претседателот била доста ограничена во корист на премиерот и претседателот на парламентот во серија на измени и дополнувања на закони донесени помеѓу 2013 и 2018 година. По изборот на Гиорги Маргвелашвили за претседател, во октомври 2013 години, Грузија ја завршила својата транзиција во парламентарна република. Во ноември 2018 година, Саломе Зурабишвили била избрана за беше прва жена претседател на Грузија во постојан капацитет, и според новиот Устав е последен претседател избрана со директно гласање. Со овие промени, таа ќе биде претседателка шест години.[2]

Список на претседатели на Грузија[уреди | уреди извор]

Име
(Раѓање/смрт)
Слика Мандат Преземање на должност Вршел/а должност до Политичка партија
Звиад Гамсакурдиа
(1939–1993)
Zviad Gamsakhurdia, Tbilisi, 1988.jpg 1 14 април 1991
(Назначен)
26 мај 1991
(Инагуриран)
6 јануари 1992
(Симнат од должност)
Округла маса – Слободна Грузија
Едвард Шеварднадзе
(1928–2014)
Eduard shevardnadze.jpg 1 26 ноември 1995
(Инагуриран)
30 април 2000 Сојуз на граѓаните на Грузија
2 30 април 2000
(Инагуриран)
23 ноември 2003
(Принудна оставка)
Нино Бурјанадзе
(родена 1964)
(на должност)
April 11, 2009. Nino Burjanadze in front of the parliament building (cropped).jpg 23 ноември 2003 25 јануари 2004 Обединето национално движење
Михаил Саакашвили
(роден 1967)
President of Georgia Mikheil Saakashvili in Tbilisi, March 22, 2008.jpg 1 25 јануари 2004
(Инагуриран)
25 ноември 2007
(Оставка)
Нино Бурјанадзе
(родена 1964)
(на должност)
April 11, 2009. Nino Burjanadze in front of the parliament building (cropped).jpg 25 ноември 2007 20 јануари 2008
Михаил Саакашвили
(роден 1967)
President of Georgia Mikheil Saakashvili in Tbilisi, March 22, 2008.jpg 2 20 јануари 2008
(Инагуриран)
17 ноември 2013
Гиорги Маргвелашвили
(роден 1969)
Prasidenten Margvelashvili (cropped).jpg 1 17 ноември 2013
(Инагуриран)
16 декември 2018 Сонот на Грузија
Саломе Зурабишвили
(родена 1952)
Zourabichvili Shaking Hands with Steinmeier (cropped).jpg 1 16 декември 2018
(Инагурирана)
Сегашна Независен кандидат

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ArtMedia. "საქართველოს სახელმწიფო დაცვის სპეციალური სამსახური". ssps.gov.ge. конс. 2019-04-18. 
  2. "Civil.Ge | Key Points of Newly Adopted Constitution". old.civil.ge. конс. 2019-04-18. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]