Претседателските избори во САД во 2020 година биле 59-ти четиригодишни претседателски избори одржани во вторник, 3 ноември2020 година. Кандидатот на демократската партија, поранешниот потпретседател на САД во кабинетот на Барак Обама, Џо Бајден и неговата кандидатка за потпретседателка, Камала Харис ги победиле актуелниот претседател Доналд Трамп и потпретседател Мајк Пенс од републиканската партија, станувајќи 46-ти претседател на САД и 49-та потпретседателка на САД. Изборите се одржале во позадина на глобалната пандемија на КОВИД-19 и поврзаната рецесија. На изборите бил забележан највисок процент на излезност на гласачите од 1900 година, при што двата кандидати од двете главни партии добиле повеќе од 74 милиони гласови, надминувајќи го рекордот на Барак Обама од 2008 година од 69,5 милиони гласови. Бајден добил повеќе од 81 милион гласови, најмногу гласови досега дадени за кандидат на претседателските избори во САД
Претседателски избори во САД 2020
2016←
3 ноември 2024
→2024
538 електори на изборниот колеџ 270 електори гласови за победа
Претседателските избори во САД се одржаа на 3 ноември 2020 година. Демократската партија го поддржа поранешниот потпретседател во кабинетот на Барак Обама, Џо Бајден и сенаторката од Калифорнија, Камала Харис кои успееа да ги победат актуелниот републикански претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс. [1] Изборите беа одржани во време на глобалната пандемија Ковид-19. Изборите се запаметени по најголемата излезност на гласачите по процент од 1900 година. Победничкиот кандидат Џо Бајден доби повеќе од 81милион гласови,[2] најмногу гласови дадени некогаш за претседателски кандидат во историјата на САД.[3]
На екстремно тесните прелиминарни избори кај демократската партија на кои учествуваа најголем број кандидати за било која партија во модерната ера на американската политика, Бајден успеа да обезбеди демократската претседателска номинација. Кандидатот за потпретседател на Бајден, Харис, стана првата Афроамериканка, првата Азиско-Американка и трета жена кандидат за потпретседател на главна партија. Трамп успеа по втор пат по ред да стане кандидат на републикаците, добивајќи довверба од 2.549 делегати, еден од најголемите во историјата на прелиминарните избори за претседател на републиканските прелиминарни избори.