Прејди на содржината

Претпријатие за автопати во Република Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Претпријатието за автопати во Република Словенија (словенечки: Družba za avtoceste v Republiki Sloveniji , ДАРС) — акционерско друштво основано од Република Словенија на 11 ноември 1993 година, и започнала со своето делување како јавно претпријатие. ДАРС е одговорна за одржување и управување со словенечката автопатска мрежа и нејзината инфраструктура, вклучувајќи автопати и сообраќајни патишта. На 1 јануари 2004 година, ДАРС прераснала во акционерско друштво во 100% сопственост на Република Словенија.

Седиштето на претпријатието се наоѓа во Цеље, а има подружница во Љубљана. Работи на пет центри лоцирани во Љубљана, Вранско, Козина, Марибор и Хрушица. ДАРС исто така обезбедува администрација на сите аспекти на автопатската мрежа и надзор на сообраќајот, заедно со наплата на такси и други инфраструктурни услуги.

Во периодот од 16 октомври 2009 до 27 јуни 2012, претседател на управниот одбор на претпријатието била Матеја Духовник, која била разрешена поради неуспех да постапи со потребното внимание и била заменета привремено од Матјаж Кнез.