Претпоставено невин (филм од 1990)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Претпоставено невин (англиски: Presumed Innocent) е американски филм од 1990 година, во режија на Алан Пакула. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Грета Скаки, Брајан Денехи, Раул Хулија, Пол Винфилд, Бони Беделија итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Младата обвинителка Каролин Полемус (ја игра Скаки) е брутално убиена во нејзиниот стан, а врз основа на неколку цврсти докази, за убиството е обвинет заменикот на јавниот обвинител Расти Сабич (го игра Форд), кој бил нејзин љубовник. Започнува судскиот процес против него, а тој го ангажира адвокатот Стерн (го игра Хулија), со кого во минатото имале чести соочувања во судските процеси. Во текот на судењето станува јасно дека сите докази се против Сабич, а тој се сомнева дека некој го наместил. Пресвртот настапува кога Сабич и неговиот адвокатот пронаоѓаат докази дека судијата (го глуми Винфилд) кој го води процесот во минатото бил корумпиран, со помош токму на Полемус и на јавниот обвинител Рејмонд Хорган (го игра Денехи), кој му е претпоставен на Сабич. Кога ги посочуваат доказите, судијата се исплашува од можните последици и го прекинува судењето, прогласувајќи го Сабич за невин. Така, правдата победува, но сосема случајно, во својот дом, Сабич ја пронаоѓа секирата со која е убиена Полемус. Тогаш, неговата сопруга Барбара (ја глуми Беделија) признава дека, дознавајќи за врската меѓу нејзиниот сопруг и Полемус, таа го извршила убиството и дека ги наместила сите докази, со цел нејзиниот сопруг да биде обвинет за убиството.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]