Пресчиз Маја (зграда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресчиз Маја

Пресчиз Маја (португалски: Prestes Maia) — облакодер од 22 ката во градот Саун Пауло, Бразил, во кој живеат околу 2000 луѓе[1]. Тоа е најголемата диво населена зграда во Јужна Америка.

Облакодерот е дивонаселен од 468 семејства во 2002 година. Градбата со години пред тоа била затворена и оставена да пропаѓа, служејќи како засолниште на глувци и бубашваби. Новите станари го прочистиле тоните ѓубре (20 камиони), се организирале, ги протерале нарко дилерите и ја претвориле зградата во содржаен животен простор. Објектот денес има бесплатна библиотека, работилница и бројни самостојни образовни, друштвени и културни иницијативи.

Во последните неколку години станала главна лабораторија за друштвено организирање во Саун Пауло. Луѓе од сите возрасти и од сите краеви на Бразил и од странство, уметници и студенти, живеат и работат заедно, взаемно си помагаат.

Моментално на станарите им се заканува иселување и постои шанса наскоро сите 468 семејства, т.е. повеќе од 1600 некогашни бездомници, вклучувајќи деца, старци и болни, дека повторно ќе се најдат на улица, а зградата ќе биде вратена на нејзиниот формален сопственик „Mr. Hamuche & Co", кој за последните 15 години се насобрало долг од 2,1 милион евра, што изнесува повеќе од цената на зградата. Енормен долг, како и причината дека зградата со години била напуштена, по некој се доволен аргумент дека зградите треба да преминат во сопствеништво на општината.

На 27 јануари 2006, претставници на станарите се состанале со полицијата за да пробаат да го одложат иселувањето. На состанокот полицијата нагласила дека одложување нема да има и дека иселувањето ќе започне во февруари. На семејствата им било наредено да го напуштат објектот порано за да избегнат непријатни сцени, а кога ги прашале каде да одат, одговорот им бил: на улица или некаде.

На 7 февруари станарите поставиле двочасовна блокада на патот, како би го привлекле вниманието на јавноста за овој проблем.

Во лондонскиот социјален центар Рампарт е одржана премиерата на документарниот филм за Пресчиз Маја, а пред бразилската амбасада во Лондон биле одржани демонстрации за поддршка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tower of Babel (with English subtitles)“. Brazilian: YouTube/UFSC/Felipe Seffrin. 2007. Посетено на 15 December 2013.