Пресуда (македонски филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Пресуда“
Режисер Трајче Попов
Сценарист Јово Камберски
Настапуваат Жарко Радиќ
Петре Арсовски
Благоја Чоревски
Драги Костовски
Жанр драма, воен
Музика Томислав Зографски
Кинематографија Мишо Самоиловски
Монтажа Димитар Грбевски
Дистрибутер Македонија филм
Вардар филм
Премиера 1977
Времетраење 110 мин
Држава Македонија Македонија
Јазик македонски

„Пресуда“ - македонски филм од 1977 година. Го режирал Трајче Попов, а сценариото го напишал Јово Камберски.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

При еден судир со непријателот, во однапред изгубена битка и ризик да се умре залудно, партизанот Митко Ангелов бега од бојното поле. Се качува на воз и оди да ја види мајка си која штотуку се вратила од интернација. Кога се вратил во бригадата, Митко бил прогласен за дезертер, бил разоружен и врзан. Немајќи оружје, со други партизани, оди во патрола и акција за преземање оружје од Германците. При акцијата погинуваат сите партизани освен Митко и Ване која е сериозно ранет. Митко мисли дека и Ване е погинат и се враќа во бригадата. Командантот не му поверувал и тој е затворен. Во меѓувреме ранетиот борец Ване доаѓа во бригадата и ја раскажува приказната за херојската борба предводена од Митко. Истовремено, воениот суд го осудува Митко на смрт заради дезертерство.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумец Улога
Жарко Радиќ Митко Ангелов
Петре Арсовски Комесарот Кораб
Благоја Чоревски Командантот Донски
Драги Костовски Аспарух Савов
Ѓокица Лукаревски Ване
Мето Јовановски Ѓорче
Илија Милчин Германец
Јанез Врховец
Јорданчо Чевревски
Ненад Стојановски
Ненад Милосављевиќ
Ванчо Петрушевски
Георги Дампе Бисерков
Владан Живковиќ
Кирил Псалтиров
Благоја Спиркоски Џумерко

Останати улоги  ▼

Надворешни врски[уреди | уреди извор]