Престој во пеколот
|
Délires (Бладања)
препев: Влада Урошевиќ |
Престој во пеколот (француски: Une Saison en enfer) е книга на Артур Рембо напишана веројатно во периодот од април до август 1873 година, или уште поверојатно само комплетирана во овој период. Тој ја пишувал книгата во Рош, Ардените. Ова е единственото дело што е објавено од страна на самиот Рембо. Книгата извршила длабоко влијание врз многу подоцнежни писатели и уметници, а особено дејствувала како духовен предвесник на надреалистите.
Според одредени интерпретации и рецензии, првите посети на Рембо во Лондон кон крајот на 1872 година и самиот почеток на 1873 ќе го претворат младиот поет од редовен консумент на апсинт во незаситен пушач на опиум, премин што може и да го објасни контрастот меѓу халуционогениот видокруг на второто поглавје од Престојот во Пеколот познато како "Mauvais Sang" ("Валкана крв") и дури и најфантастичните стихови на претходното творештво на Рембо. Третото поглавје е наречено "Nuit de l'Enfer" ("Пеколна вечер") и претставува еден вид на овоземна, прочистена визија. Двата дела на четвртото поглавје (Vierge Folle - Лудата девица и Alchimie du Verbe - Алхемија на Зборот и двете поместени под заедничкото име Délires - Бладања) овој рафиниран стих го маскираат во вид на лична исповед. Бавно, но сигурно, останатите стихови го отсликуваат повредениот Рембо - деветнаесетгодишното момче што размислува за својата иднина; кратката воведна песна која најчесто се именува според својот почетен стих Jadis, si je me souviens bien... (Еднаш, ако сеќавањето ме служи добро...) веројатно е плод на оваа доцна сензибилност пројавена кај Рембо.
Артур Рембо |
---|
Дела: Песни (Рембо) • Пијаниот брод • Илуминации (песни) • Престој во пеколот • Писма |
Луѓе: Шарл Бодлер • Жорж Изамбар • Жермен Нуво • Пол Верлен |
Друго: Симболизам • Надреализам • проколнати поети • L'Enfant Terrible • Épater la bourgeoisie • Рембо и модерната култура |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (француски) Целосен текст на книгата.
- (француски) Врски кон неколку оригинални манускрипти. Архивирано на 27 септември 2011 г.
- (француски)(англиски) „Престој во Пеколот“.
|