Преспанско мало грунче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Prespa minnow
Scientific classification edit
Domain: Eukaryota
Kingdom: Animalia
Phylum: Chordata
Class: Actinopterygii
Order: Cypriniformes
Superfamily: Cyprinoidea
Family: Cyprinidae
Genus: Pelasgus
Species:
P. prespensis
Binomial name
Pelasgus prespensis

Synonyms
  • Phoxinellus prespensis (Karaman, 1924)
  • Pseudophoxinus prespensis (Karaman, 1924)

Преспанското мало грунче ( Pelasgus prespensis ) е вид риба од семејството Ципринидиаи. Го има во Преспанското Езеро, кое лежи на југот на Балканот, на границите помеѓу Албанија, Грција и Северна Македонија. Неговото природно живеалиште е слатководни езера.[2] Загрозена е поради загуба на живеалиштата.[1]

Опис и распространетост[уреди | уреди извор]

Преспанското мало грунче е најмалиот претставник на автохтоната рибна популација во Преспанско Езеро. Телото му е издолжено, долго 5-7 см. Устата е мала, поставена косо речиси под агол од 45 степени. Долната вилица е подолга од горната и е исфрлена нанапред. Има голем број на многу ситни лушпи (околу 0,5мм). Телото на горната страна е темно обоено, додека стомачната е посветла. Преспанското мало грунче е ендемичен вид и го населува само Преспанското Езеро и притоките.[3]

Основни биолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

Екологијата на овој вид не е доволно проучена. Се мрести во пролетно летниот период од месец мај до месец јуни.[3]

Значење[уреди | уреди извор]

Преспанското мало грунче нема стопанско значење нити за стопански ниту за рекреативен риболов. Има големо значење и тоа во областа на еволуцијата и зоогеографијата на рибите на Балканскиот Полуостров.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Crivelli, A.J. (2006). "Pelasgus prespensis". The IUCN Red List of Threatened Species: e.T61259A12455146. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T61259A12455146.en.
  2. Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2011). "Pelasgus prespensis"FishBase. August 2011 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 г.