Преспански крст

Координати: 41°1′47″N 21°3′17″E / 41.02972° СГШ; 21.05472° ИГД / 41.02972; 21.05472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Преспанскиот крст

Преспански крсткрст сместен на рид над селото Подмочани, во областа Преспа. Околу крстот се наоѓа уреден простор, а самиот крст всушност е само дел од поголем комплекс, во кој влегува и новоизградената црква „Св. Петар и Павле“ во Подмочани.

Крстот бил подигнат во 2000 година од страна на дарители, мештани и иселеници.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Крстот е подигнат на ридот Горица, што се наоѓа над селото Подмочани, од каде се пружа одличен поглед на Преспанската Котлина и на Преспанското Езеро.[1]

Градба[уреди | уреди извор]

Преспанскиот крст е висок 30 и широк 30 метри. Осветлен е со 14 рефлектори и се гледа од сите страни на Преспа.[1]

Изградбата на крстот, но и на целиот комплекс, чинела стотици илјади американски долари.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „„Преспанскиот крст" во Подмочани“. Македонска нација. Посетено на 2019-02-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°1′47″N 21°3′17″E / 41.02972° СГШ; 21.05472° ИГД / 41.02972; 21.05472