Пресметка со јакузата
| Пресметка со јакузата | |
|---|---|
ДВД-издание на македонски јазик | |
| Режисер | Кристофер „Минк“ Морисон |
| Продуцент |
|
| Сценарист |
|
| Приказна |
|
| Главни улоги |
|
| Музика | Стенли Кларк |
| Кинематографија | Дон Е. Фонтлрој |
| Монтажа | Мајкл Џ. Дати |
| Студио | |
| Дистрибутер | Sony Pictures Home Entertainment |
| Премиера | 15 февруари 2005 |
| Времетраење | 96 минути |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Бруто-заработка | 175.563 долари[1] |
| IMDb | ID 0358294 |
Пресметка со јакузата (англиски: Into the Sun, букв. Кон сонцето) — американски акционен филм на режисерот Кристофер Морисон, познат и под псевдонимот Минк (англ. mink). Снимањето се одвивало во Јапонија и САД. Филмот бил издаден право на ДВД во САД на 15 февруари 2005 г, но во Јапонија, Јужна Кореја и Египет, исто така, бил ограничено прикажуван во киносалите. Во филмот се слушаат песни во изведба на Стивен Сигал од неговиот музички албум Songs from the Crystal Cave.[2] Филмот бил прикажан и во Македонија, на телевизија.
Содржина
[уреди | уреди извор]Атентатот врз токискиот гувернер Такајама предизвикува бран на јавен гнев во Токио, Јапонија. По добивањето на веста за случката, американското ФИБ бара од токиската канцеларија на ЦРА да го истражи убиството, верувајќи дека е поврзано со јакузата. Јапонскиот огранок на ЦРА започнува да истражува под покровителство на Министерството за внатрешна безбедност. Агентот на ЦРА, Травис Хантер, и неговиот новак, агентот на ФИБ, Шон Мак, се назначени да работат на случајот и да ги пронајдат сторителите. За време на нивната работа, Мак се покажува како главно одвлекување на вниманието за Хантер, особено бидејќи не е добро запознаен ниту со постапките на ЦРА, ниту со јапонските обичаи. Хантер, од друга страна, бидејќи е израснат во Јапонија, има силно разбирање за јакузата и нивните таинствени, ексцентрични и злобни начини.
Хантер и Мак откриваат план на Курода, шеф на нов огранок на јакуза, за изградба на огромна мрежа за наркотрговија, користејќи ја неговата извозна компанија во сојуз со водачот на кинеската Тријада, Чен. Курода ги убива сите што му стојат на патот. Додека ги прегледува безбедносните снимки од атентатот, Хантер утврдува медалјон околу вратот на атентаторот, што го поврзува Курода како главниот ум зад убиството на гувернерот. Бидејќи на Хантер му било кажано дека Коџима, заменик-водачот на старата школа на јакуза, водена од старешината ојабун Ишикава, е единствениот играч на јакуза што е способен да го победи Курода, Хантер се обраќа кај него за помош. Кога разговараат, Коџима му кажува на Хантер дека новата јакуза се здобила со поголема моќ откако се здружила со Тријадите и е подготвена да ги елиминира сите други банди на јакуза. Потоа, Коџима открива дека тој и Хантер имаат нешто заедничко — трајно да се ослободат од Курода, додавајќи дека ќе биде интересно да се види кој од нив прв ќе го убие.
Во меѓувреме, немилосрдната потрага на Хантер по Курода сѐ повеќе ги загрозува оние поврзани со него. Прво, Курода наредува да се убие кумот Ишикава, со што Коџима станува нов водач на огранокот на јакуза на Ишикава. Мак се впушта надвор од своите можности додека истражува и е исто така жестоко убиен. Но кога Курода наредува дивјачки да ја заколат свршеницата на Хантер, Најако, со меч, потрагата на Хантер по Курода станува разорно лична. Здружувајќи се со оперативката на ЦРА Џуел и уметникот за тетоважи Фудомјо, чија сопруга и мало дете исто така биле убиени од Курода, Хантер тргнува да го собори Курода.
До паѓањето на ноќта, Фудомјо и Хантер пристигнуваат во храмот што Курода го користи како свое скривалиште. Еден по еден, тие се пресметуваат со сите членови на групата на Курода, користејќи катани. Меи Линг, поранешна ученичка на Хантер и ќерка на неговиот учител, кој бил убиен од Чен, исто така пристигнува навреме за да го спаси Фудомјо, а потоа се здружува со двајцата мажи. Откако Фудомјо преживува стрелба за време на спротивставувањето со Курода, Хантер се појавува и жестоко се бори со Курода, на крајот убивајќи го со пресекување на градите. Потоа го напуштаат скривалиштето на Курода во храмот.
Следниот ден, Меи Линг, Фудомјо и Хантер одржуваат спомен-служба за да ѝ оддадат почит на Најако. Истовремено, се одржува церемонија на јакуза за службено назначување на Коџима за наследник на водечката положба. Џуел и нејзината екипа за „професионално чистење“ од ЦРА пристигнуваат во скривалиштето на Курода и брзо премачкуваат речиси сѐ со леплива сина супстанција. Месните власти пристигнуваат набргу потоа за да го истражат местото на настанот, и се збунети од она што го наоѓаат. Тие ги земаат телата на Курода и неговите соработници за обдукција, додека оружјата се собираат за судско-медицинска кривична истрага. Додека главниот инспектор коментира дека сината леплива супстанција ќе ги спречи да земат отпечатоци од прсти, Хантер се враќа во паркот каде што тој и Најако се дружеле, за да тагува и да се сеќава на неа.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Стивен Сигал | Травис Хантер |
| Метју Дејвис | Шон Мак |
| Такао Осава | Курода |
| Еди Џорџ | Џонс |
| Вилијам Атертон | Блок |
| Џулиета Маркју | Џуел |
| Кен Ло | Чен |
| Косуке Тојохара | Фудомјо |
| Акира Терао | ојабун Мацуда |
| Еве Масатох | Коџима |
| Пејс Ву | Меи Линг |
| Чиаки Куријама | Ајако |
| Канако Јамагучи | Најако |
| Намихико Омура | Такеши |
| Даиске Хонда | Кавамура |
| Рој Огури | Кенџи |
| Сокју Фуџита | инспекторот Маеда |
| Викром Субсаенг | Чанг Чудонг |
| Шоџи Оки | ојабун Ишикава |
| Дејл Пејн | чуварот на зенскиот храм |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Into the Sun“. Box Office Mojo. Посетено на 2016-10-21.
- ↑ Fleming, Michael (2003-08-13). „Franchise pact has 'Sun' ready to shine.(Franchise Pictures acqiures Into the Sun as a film for Steven Seagal)(Brief Article)“. Daily Variety. Архивирано од изворникот на 2018-11-16. Посетено на 2016-10-21 – преку HighBeam Research.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пресметка со јакузата на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)