Пoтполошка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Препелица)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обична потполошка
Quail32.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Семејство: Фазани
Потсемејство: Еребици
Род: Потполошки
Вид: Обична потполошка
Биномен назив
Coturnix coturnix
(Linnaeus, 1758)

Обична потполошка или обична препелица (науч. Coturnix coturnix) — птица од родот потполошки (Coturnix) потсемејството на еребиците (Perdicinae) во склоп на семејството на фазаните.

Откога ќе достигнат старост од 6-8 недели, овие видови потполошки се коти на отворена обработлива земја и пасишта ширум сета Европа и Азија, со тоа што положуваат по 6-18 јајца на гнездо на земја. На јајцата им требаат 16-18 дена за да се испилат. Ова е мошне преселничка птица за разлика од речиси сите ловни птици, и презимува во Африка. Ја има и во Македонија.

Ова е мала (17 см) заоблена птица, со кафени пруги и бела надочна линија, и, кај мажјаците, црна брада. Како што прилега на птица-преселница, потполошката има долги крила, за разлика од типично краткокрилите ловни птици.

Ова е земски вид, кој се храни со семиња и инсекти на земјата. Птицата е тешка да се забележи, бидејќи се крие по зеленилото, и се колеба да лета, туку претпочита да ползи. Дури и кога е истерана, потполошката се држи ниско и наскоро потоа се враќа на криење. Често единствениот показател за нејзиното присуство е специфичната повторлива песна на мажјакот. Овие извици ги испушта наутро, навечер и понекогаш ноќе.

Потполошката во големи броеви се лови како дивеч на преминување низ Средоземјето.

Во последни години овој вид бележи пораст на размножувањето во САД и Европа, меѓутоа ова е присутно кај птичарите-аматери.

Потполошката како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Петлите и препелицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BirdLife International (2012). Coturnix coturnix. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2012.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 89.

Галерија[уреди | уреди извор]