Прејди на содржината

Препад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Британски падобранци диверзанти за време на препад на територијата на окупирана Норвешка, фоторепортажа за диверзијата, 1941 г.

Препад — воена тактика или оперативна мисија на брз напад и повлекување со конкретна цел. Извршителите на препад не ја освојуваат и задржуваат местоположбата, туку брзо се повлекуваат на претходно заштитена положба пред непријателските сили да можат координирано да одговорат или да подготват противнапад. Извршителите мораат да патуваат брзо и обично се премногу лесно опремени и поддржани за да можат да задржат територија. Групата што врши препад може да се состои од борци конкретно обучени за оваа тактика, како што се командоси, или тоа може да биде специјална мисија доделена на која било редовна војска.[1] Препадите често се стандардна тактика во нерегуларното војување, која ја користат воини, герилски борци или други нерегуларни воени сили. Некои препади се големи по обем, како на пример Експедицијата на Саливан.

Целите на еден препад може да вклучуваат:

  • Деморализирање, збунување или исцрпување на непријателот;
  • Уништување на особен товар или градби од воена или економска вредност;
  • Ослободување на воени заробеници;
  • Заробување на непријателски војници за испрашување;
  • Убиство или заробување на конкретни клучни лица;
  • Собирање разузнавачки информации (интелигенција).

Копнен препад

[уреди | уреди извор]

Племенски општества

[уреди | уреди извор]

Меѓу многу племенски општества, препадот бил најчестиот и најсмртоносниот облик на воена операција. Се случувал ноќе, а целта била непријателот да се фати додека спие, со што ќе се избегнат жртви во напаѓачката група. Ова можеле да го извршат поединци или мали групи што имале за цел да убијат одреден непријател или членови на конкретно семејство. Препадот, исто така, можел да се спроведе и во голем обем, од напаѓачки групи составени од цели кланови или племиња.[2]

  1. The Handbook Of The SAS And Elite Forces. How The Professionals Fight And Win. Edited by Jon E. Lewis. p.312-Tactics And Techniques, Landings And Raids On Enemy Territory. Robinson Publishing Ltd 1997. ISBN 1-85487-675-9
  2. War in Human Civilization

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]