Прејди на содржината

Преодност (граматика)

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Глаголите можеме да ги поделиме на две групи според тоа дали покрај себе бараат или не бараат да се употреби,или да се подразбере,некој збор(во служба на предмет во реченицата )како задолжително дополнување.

-Спореди ги,на пример,глаголите носам и стојам.

Првиот задолжително бара да се каже или да се подразбира што или кого носам (на пр.:подароци,книги,вода,бебе итн.),а вториот не бара дополнување од таков вид .


Глаголите што бараат поврзување со предметот на дејството се викаат преодни,бидејќи дејството „преоѓа'' на предметот.

  • Непреодни-глаголи се оние што не се врзуваат со предметот,што не бараат дополнување.Такви се,на пример:оди,паѓа,седи,црвенее,цути и сл.

Значењето преодност/непреодност не се израува со одделни морфолошки средства(наставки),туку тоа се содржи во значењето на глаголот.

Во нашиот јазик границата меѓу преодните и непреодните глаголи некогаш е прилично лабава,па еден типично непреоден глагол може да добие преодно значење.

  • Во следниве реченици непреодните глаголи седне и легне се употребени како преодни:

1)Го седнаа гостинот без да го прашаат дали сака.

2)Малечките ги легнавме пред половина час.

Во тенка врска со преодноста на глаголите е категоријата поврзаност,според која глаголите се делат на повратни и неповратни.

  • Повратните се оние глаголи што одат со кратката повратна заменка се : се мијам,се облекувам,се смеам,се дотерувам,се фалам,се плашам и др.

Тие искажуваат дејство со ист вршител (подмет) и подносител (предмет) или,пак,станува збор за дејство што е во опфатот на вршителот.