Премин за јагули

Премин за јагули — тесен канал изграден во вода со цел да се овозможи премин на јагули со помош на пречки и бариери слични на вештачки брани.
Конструкција
[уреди | уреди извор]Британската агенција за животна средина има упатства за дизајнирање на премини за јагули за употреба во брани, плимни завеси и порти и конструкции на брани. Значаен број на различни материјали, како што се HDPE и не'рѓосувачки челик, се користат за градење на површини од четки и влакна, цевки, канали и врати за домашни миленичиња од типот премини за јагули.
Премините за јагули се разликуваат од рибните скали, кои пак се разликуваат од скалите за јагули. Скалите за јагули се конструираат со воведување скали или потпори. Секое скалило или потпора на скалите за јагули го прекинува протокот на вода во секоја точка од скалите. Спротивно на тоа, премините за јагулии се разликуваат или по тоа што користат цевка што го заобиколува главниот тек или струја и/или користат површина со влакна што претставува поголемо континуирано нарушување на протокот на вода.
Миграција и мерење
[уреди | уреди извор]Премините за јагули имаат двојна намена. Со помош на одвојувањето на сообраќајот на јагулите во течењето на водата при што се овозможува попрецизно мерење на миграцијата на јагулите. Резултатите, исто така, ги докажуваат придобивките.