Премиер на Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Премиер на Чешката Република
Předseda vlády České republiky
Emblem of the Government of the Czech Republic.svg
Амблем на чешката влада
B Sobotka 2015 Praha.JPG
Функционер
Бохуслав Соботка

од 17 јануари 2014 г.
Влада на Чешка
кабинет на Чешка
Членува во
Отчетен предПретставнички дом
СедиштеКрамаржова вила, Прага
НазначувачПретседателот
Мандат4 години
Прв функционерВацлав Клаус
Создадена1 јануари 1993
Мреж. местоПремиер на ЧР

Премиер на Чешката Република (англиски: Předseda vlády České republiky, „Претседател на владата на Чешката Република“) — шеф на владата на Чешка кој со својот кабинет раководи со државата и одговара пред Претставничкиот дом на парламентот. Таковниот премиер, Бохуслав Соботка, водач на Чешката социјалдемократска партија е единаесеттиот на оваа функција, назначен на 17 јануари 2014 г.

Премиерот не се бира на избори, туку него го назначува Претседателот на Чешка. Владата што ќе ја состави премиерот мора да добие доверба во Претставничкиот дом за да може да работи.

Овластувања[уреди | уреди извор]

Бидејќи Чешка е парламентарна република, премиерот и владата одговараат пред Претставничкиот дом. Според уставот, премиерот мора да ја има довербата на парламентот. Доколку ја изгуби, дава оставка и претседателот бира нов премиер.

Премиерскат функција е најмоќната во државата бидејќи тој ги назначува министрите и заседава со владата.

Седиште[уреди | уреди извор]

Седиштето на премиерот се наоѓа во Крамаржовата вила на ул. Гоголова бр. 212/1, Храдчани, Прага.

Изградена е меѓу 1911 и 1914 г. и е дело на виенскиот архитект Гридрих Оман.[1]

Список на премиери[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на премиери на Чешка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kramář's Villa“. Government of the Czech Republic. 2 October 2006. конс. 11 June 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Премиер на Чешката Република