Премиер на Србија
Претседател на Владата на Србија
Председник Владе Србије | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Влада на Србија | |
Звање | Неговата Екселенција |
Вид | шеф на влада |
Членува во | Влада |
Seat | Зграда на Владата, Немањина бр. 11, Белград |
Предлагач | Претседател на Републиката |
Назначувач | Народно собрание |
Мандат | неограничен |
Создадена | 27 август 1805 |
Прв функционер | Матеј Ненадовиќ |
Неоф. називи | Премиер |
Заменик | Вицепремиер |
Плата | 148.772 динари месечно |
Мреж. место | srbija.gov.rs |
Премиер на Србија, службено: Претседателот на Владата на Република Србија (српски: Председник Владе Републике Србије) — функционер на чело на Владата на Република Србија.
Претседателот на Владата ја води и насочува Владата, се грижи за единство на политичкото делување на Владата, ги свикува и води нејзините седници. Претседателот на Владата може на другите членови на Владата да им даде задолжителни упатства и посебни задолженија во склад со програмата и политиката на Владата. Пред изборот за тоа место, изложува експозе во Народното собрание во кое ги презентира целите и програмата на Владата. Мандатарот за состав на Владата на Србија, спрема Уставот на Србија, го предложува претседателот на Република Србија, после консултации со сите пратенички групи во Народното собрание.
Досегашни претседатели на Владата на Република Србија
[уреди | уреди извор]Република Србија од 1991 година до сега имала 11 избрани претседатели на Влада (4 по осамостојувањето од 2006 година) и 3 вршители на должност на претседател на Влада (1 по осамостојувањето од 2006 година).
Список на претседатели на Владата на Република Србија
[уреди | уреди извор]- Драгутин Зеленовиќ (15 јануари — 23 декември 1991)
- Радоман Божовиќ (23 декември 1991 — 10 февруари 1993)
- Никола Шаиновиќ (10 февруари 1993 — 18 март 1994)
- Мирко Марјановиќ (18 март 1994 — 24 октомври 2000)
- Миломир Миниќ (24 октомври 2000 — 25 јануари 2001)
- Зоран Ѓинѓиќ (25 јануари 2001 — 12 март 2003)
- Небојша Човиќ (в.д.) (12 — 17 март 2003)
- Жарко Кораќ (в.д.) (17 — 18 март 2003)
- Зоран Живковиќ (18 март 2003 — 4 март 2004)
- Воислав Коштуница (4 март 2004 — 7 јули 2008)
- Мирко Цветковиќ (7 јули 2008 — 27 јули 2012)
- Ивица Дачиќ (27 јули 2012 — 27 април 2014)
- Александар Вучиќ (27 април 2014 — 31 мај 2017)
- Ивица Дачиќ (в.д.) (31 мај — 29 јуни 2017)
- Ана Брнабиќ (29 јуни 2017 — 6 февруари 2024)
- Ивица Дачиќ (в.д.) (6 февруари 2024 - 2 мај 2024)
- Милош Вучевиќ (2 мај 2024 - 16 април 2025)
- Ѓуро Мацут (16 април 2025 -)