Прејди на содржината

Премиер лига на Англија 1998-1999

Од Википедија — слободната енциклопедија
Премиер лига на Англија 1998-1999
FA Carling Premiership 1998-1999
Logo of competition
Натпреварување Премиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание 100-то (7-мо на Премиер лигата)
Период од: 15 август 1998
до: 16 мај 1999
Држава  Англија
Резултати
Шампион Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
12. титула
Лига на шампиони
Куп на УЕФА
Интертото куп
Испаднале Чарлтон Чарлтон
Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс
Нотингем Форест Нотингем Форест
Статистика
Најдобар стрелец Тринидад и Тобаго Двајт Јорк
Англија Мајкл Овен
Холандија Џими Хаселбајнк
(18 гола)
Одиграни натпревари 380
Постигнати голови 959 (2,52 по натпревар)
Играчите на Манчестер Јунајтед ја прославуваат титулата по победата над Тотенхем.
Хронологија на натпреварувањето
1997–98 1999–00

Премиер лига на Англија 1998-1999 била 100-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 7-мата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 15 август 1998, а завршила на 18 мај 1999, со триумф на екипата на Манчестер Јунајтед.

Екипата на Арсенал влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Нотингем Форест, Мидлсбро и Чарлтон Атлетик биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 1997-1998. Тие ги замениле Болтон Вондерерс, Барнсли и Кристал Палас, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.

Титулата била решена во последното коло на 16 мај 1999, кога Манчестер Јунајтед го победил Тотенхем со 2-1 на Олд Трафорд, со што ја задржале предноста од пред натпреварот од еден бод пред Арсенал за да ја освојат нивната 12-та шампионска титула во англискиот фудбал. Арсенал не успеал да ја одбрани титулата, и покрај тоа што имал ист број на бодови како минатата сезона (78) и во еден момент изгледало како да е на работ да го повтори успехот, откако го победиле Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед одиграл нерешено против Ливерпул (2–2). Сепак, во претпоследното коло Манчестер Јунајтед го искористиле киксот на Арсенал, кој загубил со 1–0 на гостувањето кај Лидс Јунајтед, по што одновно го преземале врвот на табелата со бод предност во однос на Арсенал. Во последното коло и покрај тоа што губеле со 1–0 од Тотенхем, успеале да се вратат и да дојдат до победа од 2–1 со што си ја обезбедиле титулата.

Третото место го освоила екипата на Челси со четири бодови помалку од шампионот, со што заедно со Манчестер Јунајтед и Арсенал избориле пласман во Лигата на шампионите (иако „сините“ за разлика од водечкиот двоец морале да играат во квалификациите). Учество во европските натпреварувања за следната сезона уште избориле четвртопласираниот Лидс Јунајтед, победникот на Лига купот, Тотенхем, и финалистот на ФА купот, Њукасл Јунајтед, сите во Купот на УЕФА, како и петтопласираниот Вест Хем Јунајтед, кој изборил пласман во Интертото купот.

Чарлтон Атлетик, Блекбурн Роверс и Нотингем Форест биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобри стрелци во оваа сезона биле Двајт Јорк (Манчестер Јунајтед), Мајкл Овен (Ливерпул) и Џими Флојд Хаселбајнк (Лидс Јунајтед) сите со 18 постигнати гола.[1].

Со укинувањето на Купот на победниците на куповите на крајот на оваа сезона, за првпат од основањето на Премиер лигата, на крајот од сезоната три екипи ќе имаат право да играат во Лигата на шампионите; две (шампионот и вицешампионот) директно во групната фаза на натпреварувањето, додека третиот ќе учествува во квалификациите. Четврторангираната екипа и победниците на ФА купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА, додека највисоко рангираната екипа која нема право да учествува во некое од двете главни европски натпреварувања обезбедува учество во Интертото купот. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Првата дивизија.

Промена на екипи

[уреди | уреди извор]

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 1998-1999, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 1997-1998, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 1997-1998, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Нотингем Форест и Мидлсбро, и двата тима направиле моментално враќање во врвната лига по само една сезона отсуство, и Чарлтон Атлетик, кој како победник на плејофот се вратил во „елитното друштво“ после 8 години пауза, каде за последен пат играл во сезоната 1989-1990. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Болтон Вондерерс, Барнсли и Кристал Палас.

Екипи учеснички

[уреди | уреди извор]

Стадиони и локации

[уреди | уреди извор]
Екипа Сезона Град Стадион Претходна сезона
АрсеналдеталиЛондонСтадион АрсеналШампион на Англија
Астон ВиладеталиБирмингемВила Парк7. место во Премиер лигата
Блекбурн РоверсдеталиБлекбурнИвуд Парк6. место во Премиер лигата
Вест Хем ЈунајтеддеталиЛондонБолејн Граунд8. место во Премиер лигата
ВимблдондеталиЛондонСелхрст Парк[б 1]15. место во Премиер лигата
Дарби КаунтидеталиДарбиПрајд Парк9. место во Премиер лигата
ЕвертондеталиЛиверпулГудисон Парк17. место во Премиер лигата
Ковентри СитидеталиКовентриХајфилд Роуд11. место во Премиер лигата
Лестер СитидеталиЛестерФилберт Стрит10. место во Премиер лигата
ЛиверпулдеталиЛиверпулАнфилд3. место во Премиер лигата
Лидс ЈунајтеддеталиЛидсЕланд Роуд5. место во Премиер лигата
Манчестер ЈунајтеддеталиМанчестерОлд Трафорд2. место во Премиер лигата
МидлсбродеталиМидлсброРиверсајд2. место во Првата дивизија, промоција
Нотингем ФорестдеталиНотингемСити Граунд 1. место во Првата дивизија, промоција
Њукасл ЈунајтеддеталиЊукасл на ТајнСент Џејмсис Парк13. место во Премиер лигата
СаутхемптондеталиСаутхемптонДел12. место во Премиер лигата
ТотенхемдеталиЛондонВајт Харт Лејн14. место во Премиер лигата
ЧарлтондеталиЛондонВали4. место во Првата дивизија, промоција преку плејоф
ЧелсидеталиЛондонСтемфорд Бриџ4. место во Премиер лигата
Шефилд ВенздејдеталиШефилдХилсборо16. место во Премиер лигата
  1. Бидејќи Вимблдон немале домашен стадион, тие ги играле своите домашни натпревари на Селхрст Парк, кој е домашен стадион на Кристал Палас.

Личности и спонзори

[уреди | уреди извор]
Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец[2] Опрема Спонзор
АрсеналФранција Арсен ВенгерАнглија Тони АдамсФранција Никола Анелка (17)NikeJVC
Астон ВилаАнглија Џон ГрегориАнглија Гарет СаутгејтАнглија Џулијан Џоаким (14)ReebokLDV Vans
Блекбурн РоверсАнглија Рој Хоџсон (1.-14. коло)
Англија Тони Паркс (15. коло)
Англија Брајан Кид (16.-38. коло)
Англија Гари ФлиткрофтШкотска Кевин Галахер (5)UhlsportCIS
Вест Хем ЈунајтедАнглија Хари РеднапСеверна Ирска Стив ЛомасАнглија Ијан Рајт (9)PonyDr. Martens
ВимблдонИрска Џо КинирЈамајка Роби ЕрлЈамајка Маркус Гејл
Јамајка Џејсон Јуел (10)
LottoElonex
Дарби КаунтиАнглија Џим СмитХрватска Игор ШтимацЈамајка Дион Бартон (9)PumaEDS
ЕвертонШкотска Волтер СмитАнглија Дејв ВотсонАнглија Кевин Кембел (9)UmbroOne 2 One
Ковентри СитиШкотска Гордон СтраханШкотска Гари МакалистерАнглија Ноел Вилан (10)Le Coq SportifSubaru
Лестер СитиСеверна Ирска Мартин О'НилАнглија Стив ВолшАнглија Тони Коти (10)Fox LeisureWalkers
ЛиверпулФранција Жерар УлиеАнглија Пол ИнсАнглија Мајкл Овен (18)ReebokCarlsberg
Лидс ЈунајтедШкотска Џорџ Греам (1.-7. коло)
Ирска Дејвид О'Лири (8.-38. коло)
Јужна Африка Лукас РадебеХоландија Џими Флојд Хаселбајнк (18)PumaPackard Bell
Манчестер ЈунајтедШкотска Алекс ФергусонИрска Рој КинТринидад и Тобаго Двајт Јорк (18)UmbroSharp
МидлсброАнглија Брајан РобсонИрска Енди ТаунсендКолумбија Хамилтон Рикард (15)ErreàBT Cellnet
Нотингем ФорестАнглија Дејв Басет (1.-20. коло)
Англија Рон Аткинсон (21.-38. коло)
Англија Стив ЧетлШкотска Даги Фридман (9)UmbroPinnacle Insurance
Њукасл ЈунајтедШкотска Кени Далглиш (1-2. коло)
Холандија Руд Гулит (3.-38. коло)
Англија Алан ШирерАнглија Алан Ширер (14)AdidasNewcastle Brown Ale
СаутхемтпонАнглија Дејв ЏонсАнглија Мат Ле ТисјеАнглија Мат Ле Тисје
Норвешка Егил Естенстад (8)
PonySanderson
ТотенхемШвајцарија Кристијан Грос (1.-3. коло)
Англија Д. Плит & Ирска К. Хјутон (4.-7. коло)
Шкотска Џорџ Греам (8.-38. коло)
Англија Сол КембелНорвешка Стефен Иверсен (9)PonyHewlett-Packard
ЧарлтонАнглија Алан КарбишлиИрска Марк КинселаАнглија Клајв Мендонка (8)Le Coq SportifMesh Computers
ЧелсиИталија Џанлука ВијалиАнглија Денис ВајсИталија Џанфранко Ѕола (13)UmbroAutoglass
Шефилд ВенздејАнглија Дани ВилсонАнглија Питер АтертонИталија Бенито Карбоне (8)PumaSanderson

Завршна табела

[уреди | уреди извор]
Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед7938221338037+43
2.Арсенал Арсенал7838221245917+42
3.Челси Челси7538201535730+27
4.Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед6738181376234+28
5.Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед5738169134653-7
6.Астон Вила Астон Вила55381510135146+5
7.Ливерпул Ливерпул5438159146849+19
8.Дарби Каунти Дарби Каунти52381313124045-5
9.Мидлсбро Мидлсбро51381215114854-6
10.Лестер Сити Лестер Сити49381213134046-6
[3]11.Тотенхем Тотенхем47381114134750-3
12.Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј4638137184142-1
[4]13.Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед46381113144854-6
14.Евертон Евертон43381110174247-5
15.Ковентри Ковентри Сити4238119183951-12
16.Вимблдон Вимблдон42381012164063-23
17.Саутхемптон Саутхемптон4138118193764-27
18.Чарлтон Чарлтон3638812184156-15
19.Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс3538714173852-14
20.Нотингем Форест Нотингем Форест303879223569-34

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 1999-2000.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 1999-2000.
      Се квалификува за третото квалификациско коло на УЕФА Лига на шампиони 1999-2000.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 1999-2000.
      Се квалификува за третото коло на УЕФА Интертото куп 1999.
      Испаѓа во Прва дивизија 1999-2000.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднакви бодови, екипите се рангираат според гол-разликата.

Шампионскиот тим

[уреди | уреди извор]
Формација Играчи (настапи)
Данска Петер Шмајхел (34)
Англија Гари Невил (32)
Холандија Јап Стам (30)
Норвешка Рони Јонсен (22)
Ирска Денис Ирвин (29)
Англија Дејвид Бекам (34)
Англија Пол Сколс (31)
Ирска Рој Кин (35)
Велс Рајан Гигс (24)
Англија Енди Кол (32)
Тринидад и Тобаго Двајт Јорк (32)
Менаџер: Шкотска Алекс Фергусон
Останати играчи: Ники Бат (31), Фил Невил (28), Јеспер Бломквист (25), Оле Гунар Солшер (19), Теди Шерингам (17), Хенинг Берг (16), Вес Браун (14), Дејвид Меј (6), Жорди Кројф (5), Рајмонд ван дер Гау (5), Џон Картис (4), Џонатан Грининг (3), Ерик Невланд (2).

Резултати

[уреди | уреди извор]

Табеларен приказ

[уреди | уреди извор]

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 12 ноември 2025.

АРСАСВБЛЕВХЈВИМДАРЕВЕКОВЛЕСЛИВЛИДМНЈМИДНОТЊУКСАУТОТЧАРЧЕЛШФВ
Арсенал ––––1-01-01-05-11-01-02-05-00-03-13-01-12-13-01-10-00-01-03-0
Астон Вила 3-2––––1-30-02-01-03-01-41-12-41-21-13-12-01-03-03-23-40-32-1
Блекбурн 1-22-1––––3-03-10-01-21-21-01-31-00-00-01-20-00-21-11-03-41-4
Вест Хем 0-40-02-0––––3-45-12-12-03-22-11-50-04-02-12-01-02-10-11-10-4
Вимблдон 1-00-01-10-0––––2-11-22-10-11-01-11-12-21-31-10-23-12-11-22-1
Дарби 0-02-11-00-20-0-–––2-10-02-03-22-21-12-11-03-40-00-10-22-21-0
Евертон 0-20-00-06-01-10-0––––2-00-00-00-01-45-00-11-01-00-14-10-01-2
Ковентри Сити 0-11-21-10-02-11-13-0––––1-12-12-20-11-24-01-51-01-12-12-11-0
Лестер Сити 1-12-21-10-01-11-22-01-0––––1-01-22-60-13-12-02-02-11-12-40-2
Ливерпул 0-00-12-02-23-01-23-22-00-1––––1-32-23-15-14-27-13-23-31-12-0
Лидс Јунајтед 1-00-01-04-02-24-11-02-00-10-0––––1-12-03-10-13-02-04-10-02-1
Манчестер Јунајтед 1-12-13-24-15-11-03-12-02-22-03-2––––2-33-00-02-12-14-11-13-0
Мидлсбро 1-60-02-11-03-11-12-22-00-01-30-00-1––––1-12-23-00-02-00-04-0
Нотингем Форест 0-12-22-20-00-12-20-21-01-02-21-11-81-2––––1-21-10-10-11-32-0
Њукасл Јунајтед 1-12-11-10-33-12-11-34-11-01-40-31-21-12-0––––4-01-10-00-11-1
Саутхемптон 0-01-43-31-03-10-12-02-12-11-23-00-33-31-22-1––––1-13-10-21-0
Тотенхем 1-31-02-11-20-01-14-10-00-22-13-32-20-32-02-03-0––––2-22-20-3
Чарлтон 0-10-10-04-22-01-21-21-10-01-01-10-11-10-02-25-01-4––––0-10-1
Челси 0-02-11-10-13-02-13-12-12-22-11-00-02-02-11-11-02-02-1––––1-1
Шефилф Венздеј 1-00-13-00-11-20-10-01-20-11-00-23-13-13-21-10-00-03-00-0––––

Статистика

[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата

[уреди | уреди извор]

Извор:[5]

————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
Астон ВилаАстон ВилаАстон ВилаАВМанчестер ЈунајтедАрсеналМан. Ј.
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Факти и бројки

[уреди | уреди извор]
  • Најголем број на победи: Арсенал, Манчестер Јунајтед (22)
  • Најмал број на порази: Манчестер Јунајтед, Челси (3)
  • Најдобар напад: Манчестер Јунајтед (80 постигнати гола)
  • Најдобра одбрана: Арсенал (17 примени гола)
  • Најдобра гол-разлика: Манчестер Јунајтед (+43)
  • Најголем број на нерешени: Мидлсбро, Челси (15)
  • Најмал број на нерешени: Шефилд Венздеј (7)
  • Најголем број на порази: Нотингем Форест (22)
  • Најмал број на победи: Блекбурн Роверс, Нотингем Форест (7)
  • Најслаб напад: Нотингем Форест (35 постигнати голови)
  • Најслаба одбрана: Нотингем Форест (69 примени голови)
  • Најлоша гол-разлика: Нотингем Форест (-34)

Поединечна

[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци

[уреди | уреди извор]

Извор:[2]

Гол Пенали Играч Клуб
18 Тринидад и Тобаго Двајт Јорк Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
18 Холандија Џими Флојд Хаселбајнк Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
18 1 Англија Мајкл Овен Ливерпул Ливерпул
17 Франција Никола Анелка Арсенал Арсенал
17 Англија Енди Кол Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
15 1 Колумбија Хамилтон Рикард Мидлсбро Мидлсбро
14 Англија Џулијан Џоаким Астон Вила Астон Вила
14 1 Англија Дион Даблин Ковентри Ковентри Сити (3),
Астон Вила Астон Вила (11)
14 4 Англија Роби Фаулер Ливерпул Ливерпул
14 6 Англија Алан Ширер Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
13 Италија Џанфранко Ѕола Челси Челси
12 Норвешка Оле Гунар Солшер Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
12 2 Холандија Денис Бергкамп Арсенал Арсенал

Месечни награди

[уреди | уреди извор]
Месец Менаџер на месецот Играч на месецот
Менаџер Клуб Играч Клуб
Август Англија Алан Карбишли Чарлтон Атлетик Англија Мајкл Овен Ливерпул
Септември Англија Џон Грегори Астон Вила Англија Алан Ширер Њукасл Јунајтед
Октомври Северна Ирска Мартин О'Нил Лестер Сити Ирска Рој Кин Манчестер Јунајтед
Ноември Англија Хари Реднап Вест Хем Јунајтед Англија Дион Даблин Астон Вила
Декември Англија Брајан Кид Блекбурн Роверс[6] Франција Давид Жинола Тотенхем Хотспар
Јануари Шкотска Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед Тринидад и Тобаго Двајт Јорк Манчестер Јунајтед
Фервуари Англија Алан Карбишли Чарлтон Атлетик Франција Никола Анелка Арсенал
Март Ирска Дејвид О'Лири Лидс Јунајтед Англија Реј Парлур Арсенал
Април Шкотска Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед Англија Кевин Кембел Евертон

Годишни награди

[уреди | уреди извор]
Награда Добитник Клуб
Менаџер на сезоната во Премиер лигата Шкотска Алекс Фергусон Манчестер Јунајтед
Играч на сезоната во Премиер лигата Тринидад и Тобаго Двајт Јорк Манчестер Јунајтед
ПФА Фудбалер на годината Франција Давид Жинола Тотенхем Хотспар
ПФА Млад играч на годината Франција Никола Анелка Арсенал
АФН Фудбалер на годината Франција Давид Жинола Тотенхем Хотспар
ПФА Тим на годината
Голман Англија Најџел Мартин (Лидс Јунајтед)
Одбрана Англија Гари Невил (Манчестер Јунајтед) Англија Сол Кембел (Тотенхем Хотспар) Холандија Јап Стам (Манчестер Јунајтед) Ирска Денис Ирвин (Манчестер Јунајтед)
Среден ред Англија Дејвид Бекам (Манчестер Јунајтед) Франција Емануел Пети (Арсенал) Франција Патрик Виера (Арсенал) Франција Давид Жинола (Тотенхем Хотспар)
Напад Тринидад и Тобаго Двајт Јорк (Манчестер Јунајтед) Франција Никола Анелка (Арсенал)
  1. „Premier League & Football League Div 1 Leading Goalscorers 2005-2018“.
  2. 1 2 „Premier League 1998/1999 .:. Top scorers“ (англиски). worldfootball.net. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 17 март 2020.
  3. Се квалификува за Купот на УЕФА како победник на Лига купот.
  4. Се квалификува за Купот на УЕФА како поразен финалист во ФА купот, освоен од Манчестер Јунајтед кој веќе се квалификувал за европските купови преку првенството.
  5. „Premier League 1999/1999 .:. 38. Round“. Архивирано од изворникот на 2013-05-22. Посетено на 2025-11-11.
  6. Collins, Roy (5 February 1999). „Kidd's silent runnings“. The Guardian. London. Посетено на 12 September 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]