Премиерка (серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Прајс со Наградата Пибоди за „Борген“ на 73-та награда на Пибоди

Премиерка е дански сериски филм, од жанрот политичка драма. Се раскажува за животот на харизматичната политичарка Биргит Ниборг која неочекувано станува првата жена - премиер на Данска. Оригиналното име на серијата е Borgen, кое доаѓа од името на палатата на данскиот парламент, канцеларијата на премиерот и Врховниот суд, а се вика Christiansborg Palace и се наоѓа во Копенхаген. Главната улога ја толкува Сидсе Бабет Кнудсен како Биргит Ниборг и Јохан Филип Асбек како Каспер Јул, соработникот на Биргит. Има 3 сезони, секоја сезона од по 30 епизоди кои траат по 1 час. Првото прикажување беше во есента, 2010 година во Данска. Третата сезона беше прикажана на 1 јануари 2013. Јазикот на кој е снимана серијата е дански. Во Македонија почна да се прикажува во декември 2013 на Сител Телевизија. Се има прикажувано во следниве држави: