Прејди на содржината

Прекмурска гибаница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прекмурска гибаница — десерт од словенечка кујна. Името го има добиено по словенечката покраина Прекмурје, која се наоѓа во североисточна Словенија, кон Унгарија. Гибаница е слатко и многу калорично јадење и се прави од кора (може да се користи и лиснато тесто) и со четири вида на филови: павлака (слатка павлака), рендани јаболка, мелени ореви и мак.

Традиционално прекмурска гибаница се прави на следниов начин: се подготвуваат сите состојки и потоа се става слој кора, па слој фил, додека не се направат осум кори (филовите се дуплираат). Потоа целата торта се прелива со уште еден слој на павлака и шеќер и се пече во рерна на 200°C. За подетално објаснување, погледнете го рецептот кој е на словенечки јазик.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]