Презир (филм од 1963)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на филмот на филмот „Ле Мепис“ од 1963 година, како што се гледа во оригиналниот филмски постер.
Лого на филмот на филмот „Ле Мепис“ од 1963 година, како што се гледа во оригиналниот филмски постер.

„Презир“ (француски: Le Mépris) — француски филм од 1963 година, во режија на Жан-Лик Годар кој е автор и на сценариото, засновано врз романот на Алберто Моравија. Главните улоги ги толкуваат: Мишел Пиколи, Брижит Бардо, Џек Паланс и Фриц Ланг, а една улога глуми и самиот Жан-Лик Годар.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Пол Жавал (го игра Пиколи) е драмски писател кој е оженет со младата Камиј (ја игра Бардо). Него го ангажира американскиот филмски продуцент Џереми Прокош (го игра Паланс) за да го преработи сценариото за филмот заснован врз „Одисејата“ на Хомер, а кого го режира Фриц Ланг (се игра себеси). Бескрупулозниот Прокош се обидува да ја освои Камиј, а намерата ја остварува за време на снимањето на островот Капри. Претходно, меѓу Пол и Камиј доаѓа до кавга и таа му кажува дека повеќе не го сака. Додека Пол учествува на снимањето на филмот, Прокош и Камиј патуваат со неговиот автомобил во Рим, но патем погинуваат во сообраќајна несреќа.

Наводи[уреди | уреди извор]