Прејди на содржината

Преживелиците на мачорот Тошо

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Преживелиците на мачорот Тошо“ или само „Машорот Тошо“роман за деца на српскиот писател Бранко Ќопиќ.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Романот се состои од следниве делови:[1]

  • Вовед
  • Прва глава. Таинствена кола, уште потаинствена вреќа и многу таинственото мрдање во вреќата — Дали вреќата е госпоѓа или разбојник? — Возење кон гибел
  • Втора глава. Од која ништо не се гледа, затоа што се наоѓаме во вреќа, но затоа сепак се слуша по нешто (прпеишано до дневникот на Тошо)
  • Трета глава. Воденицата кај која не стигнува пладнето — Од пилешки до слоновски дроб — Полна кола со арамилаци — Миризбите од непознатата меана
  • Четврта глава. Необичната меана без третото магаре — Фаќање на месечината — Вреќо, фрли ме в река! Кој е меанџија, а кој чичко-Триша, тоа го знае само мачорот — Исчезнување на вреќата
  • Петта глава. Барање — Што вели сомот — Полна кола со полни вреќи — Две кила просо за три царства — Дожд од ракија — Умен оглас и проглас
  • Шеста глава. Глушец ми се качува по плеќите — Јуриш на зајаците — Чекорите на непознатиот — Се кревам во воздухот
  • Седма глава. Необичен пазар — Глушецот пророк — Продавам Лав! — Пророк во лавска вреќа — Оган под табаните, народе! — Лавот ја чека мечката
  • Осма глава. Сојузниците глушецот и мачорот — Од мрачната вреќа под сонливата ѕвезда — Појава на третиот сојузник — Тресикруша Пченковски — Таинствениот план
  • Деветта глава. Бран од страв пред мечката — Израстресените реченици: Бегај, кнезу! Мачорот-лав го јаде месецот — Насмеаната круша — Од небото паѓаат мачори
  • Десетта глава. Пак во вреќа — Брковата чадена сланина — Чевли од орев — Лизгав свет — Коњот скока на глушецот — Километар живот за два прста канап (препишано до дневникот на Тошо)
  • Единаесетта глава. Еве за нас војвода! Големо осбрание на глувците — Кој ќе им беси ѕвонци на мачките — Потрага по Тошо — Цела коњица против еден војвода
  • Дванаесетта глава. Состанок во ноќта — Слобода и сланина — Големата гозба — Јавај ме, пророку! — Зачудените сончогледи — Заминување во војводството — Страшниот глас и стапот
  • Тринаесетта глава. Трчање по јаката и шарениот торбак — Некој дише во мрачната пештера — Очи со очи со Треси-Круша — Двајцата патници и двете сенки
  • Четиринаесетта глава. Меанџијата ја кори пропаста — Читање на трагите — Жолтковото лажење и големото страдање — Наерената воденица од прегратки — Пијаните палта
  • Проштална глава. Времето се краде, врви и лета — Брашнавата глава — Необична дружба — Жолта дамка на хоризонтот — Месечината над ќелавата глава

За делото

[уреди | уреди извор]

Делото било објавено на македонски јазик во 1961 година од издавачката куќа Култура. Преводот го направил Симон Дракул, јазичната редакција е дело на Лидија Ежова, а Иван Велков е автор на нацртот на корицата. Книгата има 67 страници, а била испечатена во печатницата „Нова Македонија“.[2]

  1. Бранко Ќопиќ, Преживелиците на мачорот Тошо. Скопје: Култура, 1961.
  2. Бранко Ќопиќ, Преживелиците на мачорот Тошо. Скопје: Култура, 1961, стр. 2 и 67.