Пред поплавата (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Пред поплавата“
РежисерФишер Стивенс
Продуцент
Музика
ДистрибутерNational Geographic
Премиера21 октомври 2016 (2016-10-21)
Времетраење96 минути[1]
Држава САД
Јазиканглиски

Пред поплавата (англиски: Before the Flood) — документарен филм од 2016 година за климатските промени режиран од Фишер Стивенс. Филмот бил продуциран како соработка помеѓу Стивенс, Леонардо ди Каприо, Џејмс Пакер, Брет Ратнер, Тревор Давидовски и Џенифер Дејвисон Килоран. Мартин Скорсезе е извршен продуцент.[2]

Како што било најавено од Ди Каприо на 9 септември 2016 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, документарниот филм прв пат бил прикажан на 30 октомври 2016 година на каналот „National Geographic“.[3][4] Како дел од заложбата на „National Geographic“ за покривање на климатските промени, документарниот филм бил широко достапен и можел бесплатно да се погледне на различни интернет платформи.[5]

Позадина[уреди | уреди извор]

На европската премиера во Лондон во октомври 2016 година, Ди Каприо го опишал филмот на следниов начин:

Пред поплавата е производ на неверојатно тригодишно патување на кое бев заедно со ко-креаторот и режисер Фишер Стивенс. Отидовме до секој агол на земјината топка да го документираме катастрофалното влијание на климатските промени и ја доведовме во прашање способноста на човештвото да го промени она што може да се карактеризира како најкатастрофален проблем со кој се соочило човештвото. Има многу работи што треба да се преземат. Сè што видовме на ова патување ни покажува дека климата во нашиот свет е неверојатно меѓусебно поврзана и дека се наоѓа во критична точка. ... Сакавме да создадеме филм кој ќе им даде на луѓето чувство за итност, за да разберат кои конкретни работи ќе го решат овој проблем. Го покренавме прашањето за данок на јаглерод, кое јас го немам видено во многу документарни филмови. Во основа, да се натера капиталистичката економија да се обиде да инвестира во обновливи извори на енергија и да дава помалку пари и субвенции за нафтените компании. Ова се работите кои навистина ќе направат масовна разлика. ... Ние мора да го употребиме нашиот глас ... Не може да дозволиме да имаме политички лидери кои не веруваат во модерната наука или во научниот метод или во емпириски вистини ... Не може да дозволиме да губиме време имајќи луѓе на власт кои избираат да веруваат во 2 проценти од научната заедница која всушност е поткупена од страна на лобистите и нафтените компании.[6]

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот прикажува како Ди Каприо посетува различни региони од земјината топка,[7] истражувајќи го влијанието на глобалното затоплување предизвикано од човекот.[8] Филмот исто така го документира, делумно, снимањето на филмот на Ди Каприо од 2015 година, Повратник.

Коментарите и истражувањето на Ди Каприо во голема мера се однесуваат на климатскиот скептицизам, главно меѓу корпоративните лобисти и американските политичари.[9][10]

Улоги[уреди | уреди извор]

Покрај Ди Каприо, во документарниот филм се појавуваат и Барак Обама, Папа Франциск, Сунита Нараин, Аноте Тонг, Џон Кери, Илон Маск, Алехандро Гонзалез Ињариту, Пирс Селерс, Јоан Рокстром и Бан Ки Мун.[1][4]

Емитување[уреди | уреди извор]

Филмот бил достапен бесплатно на интернет помеѓу 30 октомври и 6 ноември 2016 година, период пред американските избори, и бил емитуван на каналот National Geographic [11] во 171 земја како и на национални телевизиски канали во некои земји.[12] Филмот бил титлуван на 45 јазици и бил достапен на гледачи од неанглиско говорно подрачје.[13] Филмот бил гледан повеќе од 2 милиони пати на денот по објавувањето.[14]

Награди[уреди | уреди извор]

Награди Датум на свечено доделување Категорија Добитник Резултат Нав.
Британски филмски награди Ивнинг Стандард 8 декември 2016 Најдобар документарен филм Пред Поплавата Победничка [15]
Холивудски филмски награди 6 ноември 2016 Холивудска документарна награда Леонардо ди Каприо и Фишер Стивенс Победничка [16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 DeFore, John. „'Before the Flood': Film Review - TIFF 2016“, The Hollywood Reporter, 9 септември 2016.
  2. „Before the Flood“. IMDB. конс. 9 September 2016. 
  3. DiCaprio unveils climate change film ‘Before the Flood’“, 9 септември 2016.
  4. 4,0 4,1 „President Obama Urges Swift Action on Climate Change“. News.nationalgeographic.com. конс. 2016-10-24. 
  5. Chow, Lorraine (25 October 2016). „Watch Leonardo DiCaprio's climate change doc online for free“. EcoWatch. конс. 2016-10-27. 
  6. „7 Key Scenes in Leonardo DiCaprio's Climate Film 'Before the Flood'. 
  7. Times, Los Angeles. „Leonardo DiCaprio crosses the globe in the climate change documentary 'Before the Flood'. latimes.com. конс. 2016-11-01. 
  8. Guarda Before the Flood, il documentario di DiCaprio contro il cambiamento climatico - Wired“, 30 октомври 2016. (на it-IT)
  9. Halls, Eleanor. „Leonardo DiCaprio almost died making his documentary Before The Flood“. (на en-GB)
  10. Director 'horrified' by Alta. oilsands scenes in DiCaprio's 'Before The Flood'“.
  11. „New documentary "Before The Flood" to air globally on NatGeo on October 30th - Leonardo DiCaprio Foundation : Leonardo DiCaprio Foundation“. leonardodicaprio.org. конс. 2016-12-03. 
  12. National Geographic Channel e RTP unidas contra as alterações climáticas - Estreia de "Before the Flood" | Extra | RTP“, 26 октомври 2016. (на pt-PT)
  13. Avant le film "Before the Flood", comment DiCaprio a montré son engagement pour la planète“, 30 октомври 2016. (на fr-FR)
  14. Observador. „Documentário de Leonardo DiCaprio sobre alterações climáticas faz sucesso na Internet“. Observador. конс. 2016-12-04. 
  15. Moore, William (November 17, 2016). „Evening Standard British Film Awards - The Longlist“. London Evening Standard. конс. November 29, 2016. 
  16. „Leonardo DiCaprio & Fisher Stevens to Be Honored“. Hollywood Film Awards. November 2, 2016. конс. November 3, 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]