Предраг Враницки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Предраг Враницки (21 јануари 1922 - 31 јануари 2002) — хрватски филозоф со марксистичка ориентација и активен член на “праксис школата” во 60-те.[1][2]

Биографски податоци[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна, Враницки земал активно учество во борбата на страната на партизаните против окупаторите на тогашната Југославија. По војната продолжил да студира на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што дипломирал во 1947. По студиите продолжил да работи на катедрата за филозофија како асистент. Потоа докторирал на универзитетот во Белград во 1951 и набрзо станал доцент, а потоа и редовен професор.

Предраг Враницки бил повеќе години шеф на катедрата за теоретска филозофија, а исто така и на катедрата за марксистичка филозофија, како и декан на Филозофскиот факултет (1964/1965 до 1965/1966). Заедно со професорот Владимир Филиповиќ е еден од основоположниците на Институтот за филозофија, како и негов прв директор во 1967, а 1966 бил избран за претседател на Југословенското здружение за филозофија. Од 1972 до 1976 година Враницки бил ректор на универзитетот во Загреб, а од 1973 година станал редовен член на Југословенската академија на науките и уметностите. До своето пензионирање во 1976 година работел како професор на Филозофскиот факултет. Во 90-те, Враницки не влегол во политичките води, туку продолжил да го работи своето капитално дело Филозофија на историјата, кое било издадено непосредно пред неговата смрт.

Предраг Враницки, исто така, бил активен учесник во Корчуланската школа, како и во списанието Praxis од неговото основање во 1965, до укинувањето во 1974 година (член на неговиот уреднички совет).

Список на неговите најзначајни дела[уреди | уреди извор]

Како филозоф, него особено го интересирале проблемите на хуманизмот, историјата и слободата. Негови најзначајни филозофски дела се:

  • Прилози за проблематиката на општествените науки, Загреб 1951
  • Дијалектички и историски материјализам Филозофска хрестоматија, книга X, Издавачка куќа „Матица хрватска“, Загреб (1958) 1982
  • Човекот и историјата, Сарајево 1966
  • Историја на марксизмот (1987. 3 книги) Цекаде, Загреб ISBN: 86-7091-062-4
  • Мисловниот развој на Карл Маркс, Загреб 1953
  • Филозофски студии и критики, Загреб 1957
  • Марксизам и социјализам, Либер, Загреб 1979
  • Социјалистичка алтернатива Училишна книга, Загреб 1982
  • Филозофија на историјата (3 книги) Golden marketing, Загреб 1988

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]