Прејди на содржината

Преднапрегнат бетон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоча на мост што се преднапрега

Преднапрегнат бетон — технологија што го решава проблемот на слаба цврстина на затегнување на бетонот во споредба со добрата јачина на бетонот на притисок.

Бетонот како конструктивен материјал има добра цврстина на притисок, но неговата цврстина на затегнување е незадоволителна. Кај преднапрегнатиот бетон, челичните кабли, кои обично се поставуваат во долната половина од пресекот на бетонот, се преднапрегаат и се доведуваат во состојба на затегнување со цел да се намалат затегнувачките напони во бетонот кога се под товар. Благодарение на преднапрегањето, во конструкцијата не се доаѓа до големи затегнувачки напони што бетонот не може добро да ги издржи. Деловите можат да се преднапрегнат или пред или откако бетонот ќе се стврдне.[1][2] Го патентирал Ежен Фресине во 1928 година.[3]

Преднапрегнатиот бетон се користи главно во изградбата на мостови и слични конструкции што се протегаат на големи распони. Резултатот е релативно лесни конструкции што бараат помалку одржување од челичните конструкции. Кога се исполнети техничките услови за изградба на овие конструкции, тие се долготрајни.

Денес, техниката на преднапрегнат бетон е една од најчесто користените за конструкции со голем распон.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Lin, T.Y.; Burns, Ned H. (1981). Design of Prestressed Concrete Structures (Third. изд.). New York, US: John Wiley & Sons. ISBN 0-471-01898-8. Архивирано од изворникот 8 February 2017. Посетено на 24 August 2016.
  2. Federation Internationale du Beton (February 2005). fib Bulletin 31: Post-tensioning in Buildings (PDF). FIB. ISBN 978-2-88394-071-0. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 February 2017. Посетено на 26 August 2016.
  3. Billington, David (1985). The Tower and the Bridge. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0-691-02393-X.
  4. Хајдин: Двоколосечна пруга на новом Жежељевом мосту - РТВ., Пристапено на 13 јули 2011.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]