Предмер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Предмер — текстуален прилог дел од основен проект, којшто содржи список на количини и опис на архитектонските и градежните материјали и инсталациите кои се проектирани да се вградат во градбата.

Опис[уреди | уреди извор]

Предмерот се изработува во деталните димензии и количини, според сите поединечни архитектонски, градежни и технички позиции во проектот, по видови на материјал, инсталација и опрема именувана со нивните генерички имиња, односно според видот на работите и ги содржи сите потребни параметри за одредување на финансиската вредност на работите, како и проектираната градежна вредност на градбата. Се изработува до ниво на разработка и во форма која го прави применлив за тендерска документација, односно договор за изведување.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]