Предлошка:Portal:Montenegro/Featured article

Од Википедија — слободната енциклопедија

Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар е на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера, е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземната архитектура. Будва е град стар околу 2.500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.

Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е. Една легенда кажува дека Будва била создадена од Феникиецот Кадм, херој протеран од Теба, кој нашол засолниште на ова место за него и неговата жена Хармонија.

И други цивилизации исто така оставиле безброј траги: старите Грци и Римјаните. По падот на Римското Царство и нетовата поделба на Источно и Западно, морето било линијата што ги двоела двете сили. Тоа довело до траен удар на историјата и културата на градот. Во средниот век, Будва била владеена од низа зетски кралеви.