Предлошка:Скала за квалитет/Критериуми за класа I

Од Википедија — слободната енциклопедија

Критериуми за класа I[уреди извор]

Овие минимални критериуми се предуслов за бележење на статијата како класа I:

  1. Статијата е соодветно покриена со извори, со наведување извори паралелно со текстот од статијата онаму каде што тоа е потребно. Било кој материјал кој е контроверзен или за кој има шанса да биде предизвикан е цитиран.
  2. Статијата задоволително ја покрива темата и не содржи исклучоци или невистини. Го содржи најголемиот дел од материјалот потребен за добра статија, иако на некои пасуси им е потребно проширување, а некои важни теми можат и да недостасуваат.
  3. Статијата има дефинирана структура. Содржината треба да биде организирана во групи на поврзан материјал, вклучувајќи воведен пасус и сите пасуси кои нормално можат да бидат вклучени во статија од тој тип.
  4. Статијата е задоволително добро напишана. Прозата не е тешка за читање и не содржи крупни граматички или правописни грешки, но секако дека не мора да биде „брилијантна“.
  5. Статијата содржи дополнителни материјали онаму каде што е потребно. Инфокутии, дијаграми итн. треба да бидат вклучени на соодветни места и каде што можат да бидат од помош за содржината.
  6. Содржината е претставена на разбирлив начин. Иако Википедија е повеќе од општа енциклопедија, статијата треба да биде напишана за што е можно поширока публика. Статијата не треба да претпоставува дека читателот има претходни познавања од темата, а техничкиот жаргон треба да биде избегнат или објаснет онаму каде што се применува.

Овие критериуми не се строги. Тие се само еден мал показател за уредувачот да се одлучи дали да ја oбележи статијата. Најмногу од сè, треба да се користи здрав разум.