Предлошка:Избран портал за октомври 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биста на Александар Македонски.
Биста на Александар Македонски.

Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е сѐ што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Историографски гледано, историјата започнува по појавата на писмото. Периодот пред појавата на пишаните документи е наречен праисторија - во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време. Самата историја е поделена на стар, среден и нов век.

Големиот германски философ Карл Маркс, приврзаник на теоријата дека движечка сила на напредокот е постојаната борба меѓу класите, смета дека историјата треба да започне во мигот кога ќе завршат сите војни. А дотогаш, според Маркс, ние живееме во праисторија.

Дознајте повеќе за историјата на порталот посветен на неа.