Преѓа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Предиво)
Предено во клопчиња

Преѓа[1][2], предено[3][4] или предиво[5][6] — испреден конец од волна, памук, лен и друго како материјал за употреба во производството на текстил, ткаење, плетење, хеклање, шиење и везење. Преденото може да се произведува рачно или машински. Современото производство во својот технолошки процес бара и соодветна обработка, како парафинирање и авивирање.

Преденото се изработува со извртување на паралелни влакна или со друг метод на врзување на влакната во кохезивна творба на влакна. Навивањето на влакната во предено се нарекува предење. Почетоците на предењето биле во палеолитот. Предењето било едно од првите индустриски производства. Преденото може да се состои од еден вид влакна или мешавина од различни видови влакна. Комбинирањето на синтетички влакна (кои имаат висока јачина) со природни влакна (со добра апсорпција на влага) е вообичаено и погодно за облеката и модната индустрија. Најчести мешавини се памук - полиестер и волна - акрилик. Вообичаени се мешавини од различни природни влакна, особено со поскапи влакна како што се лен, ангора и кашмир. Предената може да се усучат и заедно, па на тој начин да се добијат подебели сукани предена или конци. Во зависност од насоката на намотување, постоја леви или десни нишки.

Филаментните предена се состојат од меѓусебно усучени влакна. Знаеме еднофиламентни предена (едно влакно) и повеќекапиларни предена (неколку влакна). Се користат за индустриски и украсни цели. Свилата е природен монофиламент.

Наводи[уреди | уреди извор]