Прејди на содржината

Предговор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предговор на поемата Милтон од Вилијам Блејк

Предговор[1][2] — вовед во книга или друго книжевно дело напишано од авторот на делото. Воведен есеј напишан од различно лице е претсловие и му претходи на предговорот на авторот. Предговорот често се затвора со благодарници на оние кои помогнале за книжевното дело.

Често ја опфаќа историјата за тоа како настанала книгата или како се развила идејата за книгата. Ова може да биде проследено со благодарност и признанија до луѓето кои му помогнале на авторот за време на пишувањето.

Предговорот е често потпишан, а датумот и местото на пишување често се наведени по потписот. Информациите од суштинско значење за главниот текст генерално се сместени во збир на белешки за објаснување, или можеби во „Воведот“ кој може да биде страничен со арапски бројки, наместо во предговорот. Поимот предговор може да значи и која било прелиминарна или воведна изјава.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]