Прејди на содржината

Предвидените елементи на Дмитри Менделеев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кога Дмитриј Иванович Менделеев го создал периодниот систем на хемиските елементи, тој оставил простор за тогаш непознатите елементи и ги предвидел нивните карактеристични својства. Тоа се предвидените елементи на Дмитриј Менделеев или предвидените хемиски елементи на Менделеев, и тој привремено ги именувал користејќи ги санскритските претставки eka-, dvi- и три-, кои означуваат колку места се оддалечени од постоечките елементи со слични својства.[1]

За четири такви елементи полесни од лантаноидите: ека-алуминиум (El), ека-бор (Eb), ека-манган (Em) и ека-силициум (Es), предвидените својства добро се совпаѓаат со оние на галиумот, скандиумот, технециумот и германиумот, елементите што Менделеев претходно ги предвидел.

Екабор и скандиум

[уреди | уреди извор]

Скандиумот како оксид го издвоил Ларс Фредрик Нилсон пролетта 1879 година. Сличноста била препознаена од Пер Теодор Клеве, кој подоцна истата година го известил Менделеев. Менделеев предвидел атомска маса од 44 за екабор, а атомската маса на скандиумот е 44,955910.

Екаманган и технециум

[уреди | уреди извор]

Технециумот бил издвоен од Карло Периер и Емилио Сегре во 1937 година, долго по смртта на Менделеев, од примероци на молибден што биле бомбардирани со јадра од деутериум од Лоренсовиот циклотрон. Менделеев предвидел атомска маса од 100 за екаманганот, а атомската маса на најтешкиот изотоп (технециум-98) е 97,907215.

Екасилициум и германиум

[уреди | уреди извор]

Германиумот бил изолиран во 1882 година и дал најдобра потврда на теоријата во тоа време поради поголемата разлика во својствата во споредба со соседните елементи отколку што бил случајот со претходно откриените предвидени елементи.

Својство Екасилициум Германиум
атомска маса 72 72,59
густина (g/cm 3 ) 5,5 5,35
точка на топење (°C) високо 947
боја сива боја сива боја
  1. Kaji, Masanori (2002). „D.I.Mendeleev's concept of chemical elements and The Principles of Chemistry (PDF). Bulletin for the History of Chemistry. 27 (1): 4–16. Архивирано од изворникот (PDF) на 06. 07. 2016. Посетено на 11. 08. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)

Литература

[уреди | уреди извор]