Прејди на содржината

Предатор 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Предатор 2
Предаторот во градот, држи човечки череп и ’рбет во раката.
Плакатот на филмот
РежисерСтивен Хопкинс
Продуцент
Сценарист
Заснован на
ликови
од
  • Џим Томас
  •     Џон Томас
Главни улоги
МузикаАлан Силвестри
КинематографијаПитер Леви
Монтажа
Студио
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера21 ноември 1990 г. (САД)
Времетраење108 минути
Земја САД
Јазик
Буџет20 — 30 милиони долари[1]
Бруто-заработка57,1 милион долари[2]
ПретходенПредатор
СледенПредатори
IMDbID 0100403

Предатор 2 (англиски: Predator 2) — американски научнофантастичен акционен филм од 1990 г., во режија на Стивен Хопкинс, по сценарио на Браќата Томас, снимен во рамките на медиумската франшиза Предатор. Главните улоги ги толкуваат Дени Гловер, Кевин Питер Хол, Гари Бјуси, Адам Болдвин, Марија Кончита Алонсо и Рубен Блејдс. Композитор, како и за првиот дел, е Алан Силвестри.

Дејството на филмот ги следи полициските службеници од Лос Анџелес, кои се соочуваат со агресивен вонземјански облик на живот што лови луѓе.

Филмот е продолжение на остварувањето Предатор од 1987 г. во режија на Џон Мактирнан. Во завршницата на филмот се појавува череп на Вонземјанинот, што го отворило патот за создавање на серијалот филмови Осмиот патник против Предаторот. Во 2010 г. било објавено продолжението Предатори во режија на Нимрод Антал.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Поручникот од полицијата во Лос Анџелес, Мајк Хариган, и неговиот нахален партнер, детективот Џери Ламберт, наскоро сфаќаат дека она што се чинело како крвава пресметка меѓу јамајканските банди на вуду-свештеникот „Кралот“ Вили и колумбискиот наркокартел на Рамон Вега, всушност е дело на застрашувачка трета страна. Федералната екипа на Питер Киз го обезбедува местото на злосторството, дури и од полицијата во Лос Анџелес, но откако криминалистичките докази потврдуваат дека се работи за вонземјанин што продолжува да зема жртви, сите страни се принудени да се здружат во потерата.

Глумец Улога
Дени Гловерпоручник Мајк Хариган
Гари Бјусиагент Питер Киз
Марија Кончита АлонсоЛеона Кантрел
Рубен БлејдсДени Арчулета
Бил ПакстонЏери Ламберт
Адам Болдвинагент Гарбер
Кевин Питер ХолПредаторот
Роберт Дејвикапетан Хајнеман
Лилијан Шовенд-р Ајрин Ричардс
Кент Макордкапетан Пилгрим
Калвин ЛокхартКралот Вили
Мортон Дауни ПомладиотТони Поуп
Стив Кејханнаредник Нил Ригер
Хенри КингиЕл Скорпио
Томас Росалес Помладиотчлен на бандата на Ел Скорпио
  1. ↑ „Predator 2 (1990)“. catalog.afi.com (англиски). AFI.
  2. ↑ „Predator 2 (1990)“. Box Office Mojo. Посетено на 8 јули 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]