Предатор: Бедлендс
| Предатор: Бедлендс | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Ден Трахтенберг |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Патрик Ејсон |
| Приказна |
|
| Главни улоги |
|
| Музика | Бер Макрири |
| Кинематографија | Џеф Катер |
| Монтажа | Штефан Грубе |
| Студио |
|
| Дистрибутер | 20th Century Studios |
| Премиера | 7 ноември 2025 г. (САД) 6 ноември 2025 г. (Македонија) |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 105 милиони долари |
| Бруто-заработка | 184,5 милиони долари |
Предатор: Бедлендс (англиски: Predator: Badlands) — американски научнофантастичен акционен филм од франшизата „Предатор“. Тоа е седмиот филм од главната серија и деветти во целата франшиза. Филмот е режиран од Ден Трахтенберг, сценариото е напишано од Трахтенберг и Патрик Ејсон, а главните улоги ги играат Ел Фанинг и Димитриус Шустер-Колоаманги.
Премиерата на филмот во САД била на 7 ноември 2025 г., а во Македонија на 6 ноември истата година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Главниот лик е млад Јауџа, или Предатор, кој се стреми да ја добие почитта на својот клан и татко. Во потрага по достоен плен, тој оди во Калиск, или Планета на Смртта, населена со исклучително опасна флора и фауна. Како што напредува приказната, Предаторот се здружува со Тија, андроид создаден од корпорацијата „Вејланд-Јутани“. Филмот ја открива културата и општеството на Предаторите, покажувајќи ја нивната матична планета и целосен јазик развиен посебно за филмот.[1]
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Ел Фанинг | Тија |
| Димитриус Шустер-Колоаматанги | Дек |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Zachary (2025-04-04). „The Walt Disney Studios Showcases Upcoming Film Slate at CinemaCon 2025“. The Walt Disney Company (англиски). Посетено на 2025-06-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Предатор: Бедлендс на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)