Прегуњо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џоао Коељо Нето-Прегуњо

Џоао Коељо Нето, попознат и како Прегуњо (роден на 5 февруари 1905, починал на 1 октомври 1979) бил бразилски фудбалер на позиција напаѓач. Џоао е роден во Рио де Жанеиро.

Син на бразилскиот писател Коељо Нето, Прегуњо е роден на 5 февруари 1905. Тој од 1925 до 1938 настапувал за Флуминензе [1] и постигнал 184 голови. Прегуњо тренирал и други спортови како: одбојка, кошарка, ватерполо, пливање, хокеј. Во 1952 година ја примил наградата "Grande Benemérito Atleta".

За Бразил се натпреварувал во ФИФА Светското првенство 1930 и бил првиот капитен на Бразилскиот национален тим, постигнувајќи го првиот гол за Бразил на ФИФА светските првенства против тогашна Југославија, и уште два гола во натпреварот против Боливија.

Тој починал на 74 години на 29 септември 1979 година. Во негова чест, клубот Фулминезе подигна статуа. Бразилска ТВ програма за неговиот живот беше продуцирана од Карлос Ниемејер за Канал 100 со режија од Карлос Леонам и Освалдо Калдеира.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Especial - 2006 - Copa“ (Португалски). Folha Online. 2005-12-09.