Превезот на Вероника

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Hans Memling 026.jpg

Превезот на Вероника, или Судариум (латински за ткаенина), често нарекуван едноставно " Вероника", а познат ѝ како Волто Санто или Светото лице е католичкa реликва од ткаенина која според легендата, го носи ликот на лицето на Исус кое не е направено од човечката рака (т.е. Acheiropoieta).

Според најновата верзија, легендата раскажува дека Вероника од Ерусалим го сретнал Исус по Виа Долороса на патот кон Голгота. Таа застанала пред него да му го избрише лицето од нејзиниот превез. Така, на превезот се обележела лицето на Исус. Според некои верзии, Вероника подоцна отишла во Рим за да го претстави платното на римскиот император Тибериј, укажувајќи му дека платното поседува надприродна моќ кое може да ја угаси жедта, да лекува слепи луѓе, а понекогаш дури ѝ да ги оживее мртвите.

Оваа предание не било запишано во својата сегашна форма сè до средниот век. Освен оваа реликва, во источната црква се познати преданијата поврзани со приказната за сликата на Исус позната како Мандалион (или Убрус) како и Торинското платно.