Пребег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пребек или Пребег е приградска населба на Штип. Сместена е на северозападната страна од градот на излезот кон Кочани и Велес. Воедно Пребек претставува и индустриска зона, единствена покрај „Бунарџик“, за мало стопанство.

Историja[уреди | уреди извор]

Населбата Пребек започнува да се гради кон крајот на 1970тите и почетокот на 1980тите години на минатиот век, и тоа како викенд населба. Во тие години СФРЈ го доживувала својот брз економски развој, што ќе допринесе за изградба на многу нови штипски населби и нагло зголемување на градот. Поради големата концентрација на војска во касарната во Штип, од која голем дел не биле штипјани, а и Македонци, се создале услови за изградба на населба за воените лица. За голем дел од нив не било решено ниту станбеното прашање. Така, во 1982 година, по наредба на тогашниот командант на касарната во Штип, започнала изградбата на воени згради токму на ова место. Во 1984 воените згради биле завршени и населени со лица од воените служби, од кои голем дел на Срби и Хрвати. По распадот на СФРЈ голем дел од тие луѓе се раселиле во своите држави, но добар дел и останале.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според неофицијални податоци, Пребек е најмултиетничката заедница во источниот дел на Македонија. Мнозинството се Македонци, но има и жители од речиси сите поранешни југословенски републики.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Над Пребек се наоѓаат два ридски врвови(едниот кота) од кои има поглед над цел Штип, Ново Село, Плачковица, Осоговијата, Кочанско Поле, врвот Богословец, Серта, Јакупица, дел од течението на Брегалница и делумно Овчеполе.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]