Прејди на содржината

Прв конгрес на Руската социјалдемократска работничка партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
I конгрес на РСДРП
Местото каде бил одржан конгресот
ЗемјаРуска Империја
Датум2 март 1919 (1919-03-02)-
6 март 1919 (1919-03-06)
ГрадМинск
УчеснициДелегати

Првиот конгрес на Руската социјалдемократска работничка партија (руски: Российская социал-демократическая рабочая партия, РСДРП) се одржал од 13 март до 15 март 1898 година во Минск, Руска Империја денешна Белорусија. Конгресот се одржал во голема тајност во една куќа која била во сопственост на Румјанцев кој работел во железничка во периферијата на Минск, денеска во центарот на градот. Како причина за собирот била договорена наводниот роденден на неговата сопруга. Во домот во едната соба била оставена печката да гори бидејќи доколку дошла полицијата овие документи требало набрзина да бидат изгорени.

Конгресот бил свикан од страна на трите главни социјалдемократски групи од различни области на Руската Империја.

Овие три групи биле претставувани од страна на девет делегати[4]. Од друга страна социјалистите од Харков одбиле да учествуваат[5]. Главните прашања на кои се дискутирало на конгресот била потребата од соединување на сите социјалдемократски групи во една партија. На конгресот бил избран Централниот комитет и тоа: Степан Радченко, еден од најстарите руски социјалдемократи и водач на санктпетербуршката лига, Борис Ејделман и Александар Кремер[6]. Манифестот бил напишан од страна на Петар Струв[7].

Централниот комитет издал наредба за печатење на манифестот но пет од деветте делегати биле уапсени од страна на Охрана во рок од еден месец[5].

Првиот конгрес не успел да ги обедини руските социјалдемократи. Апсењата кои следувале дополнително ја спречиле групата да функционира како едно тело, а во следниот период следувале и внатрешни расколи.

  1. See Leopold H. Haimson. The Making of Three Russian Revolutionaries, Cambridge University Press, 1987, ISBN 0-521-26325-5, p.461
  2. See Israel Getzler. Martov: A Political Biography of a Russian Social Democrat, Cambridge University Press, 1967, pp.18-20
  3. See Israel Getzler. Op.cit., p.30
  4. See A Documentary History of Communism in Russia: From Lenin to Gorbachev, ed. Robert V. Daniels, Hanover, NH, University of Vermont, Published by University Press of New England, 1993, ISBN 0-87451-616-1, p.4
  5. 5,0 5,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2013-03-28.
  6. Alexander Kremer was also known as "Arkady Kremer". See Jonathan Frankel. Prophecy and Politics: Socialism, Nationalism, and the Russian Jews, 1862-1917, ISBN 0-521-26919-9, Cambridge University Press, 1981, p.669
  7. See A Documentary History of Communism in Russia: From Lenin to Gorbachev, op. cit., p.4

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]