Прва љубов, последни ритуали

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прва љубов, последни ритуали е расказ од англискиот писател Ијан Мекјуан. оригинално, расказот бил објавен во истоимената збирка на Мекјуан од 1975 година, додека на македонски јазик, тој е објавен во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Живко Грозданоски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Едно момче живее со својата девојка Сисл во еден изнајмен стан покрај пристаништето. Често, тие водат љубов на масата, но наеднаш нивните сексуални игри се пореметуваат од звукот на гребењето на ѕидот од страна на некое суштество. Момчето прави стапици за јагули и заедно со таткото на Сисл организираат еден неуспешен потфат за лов и продажба на јагули. Сисл, пак, се вработува во локалната фабрика, но по кратко време дава отказ. Еден ден, во нивниот стан се појавува голем стаорец и тие се обидуваат да го уловат, иако притоа се смртно исплашени. Кога на крајот ќе успеат да го убијат стаорецот, гледаат дека се работи за бремена женка, која во стомакот носи неродени стаорчиња.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 350-370.