Прејди на содржината

Прва седница на АСНОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва страница на записникот за седницата.

Првата седница на АСНОМ — одржана на 6 август 1944 година, четири дена после Првото заседание на АСНОМ, во селото Рамно, Кумановско. Значајни резолуции биле донесени во седницата. Првите поверенства биле формирани во Президиумот на АСНОМ. Со новите решенија Македонија била поделена во четири области: Скопска, Битолска, Штипска и Кичевско-дебарска област. Седницата била одржана во селското училиште.

Седницата била свикана под наредба од тогашниот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто. Средбата била одржана во селското училиште на Рамно, Кумановско поради тоа што било претходно ослободено. Средбата била организирана со следниот дневен ред:

  1. Предлог за кооптирање нови членови во АСНОМ.
  2. Формирање на отдели (поверенства) при Президиумот и избирање раководни лица (повереници).
  3. Организирање поделбата на области во Македонија и избирање лица за спроведување на организацијата на тие области (Народно ослободителни одбори или НОО)
  4. Избирање лица за испраќање при Националниот комитет на НОЈ (Народноослободување на Југославија) и во странство.
  5. Испраѓање протести телеграми по повод говорот на Иван Субашиќа и интервјуто на Сава Косановиќ.
  6. Друго.[1][2]

Под точката друго се разгледале следните цели:[3][4]

  1. Бидејќи југословенскиот динар сѐ уште не бил воведен, да се употребува бонови во нејзина замена.
  2. Да се издадат легитимација во најскоро време на сите лица кои ги управуваат народноослободителните одбори.
  3. Да се погледне предлогот на Методија Андонов Ченто за заменување Благоја Минов од Струмица[б 1] со Тодор Ношал од Прилеп за претставник во АВНОЈ.
  4. Да се погледне предлогот на Методија Андонов Ченто за испраќање писма до извесни лица кои ќе се придружат во народноослободителната борба на Македонија.
  5. Панко Брашнаров да издаде брошура каде го поврзува Илинденското востание со Првото заседание на АСНОМ.

Решенија

[уреди | уреди извор]
Втора страница на записникот за седницата.

Кооптирање нови членови во АСНОМ

[уреди | уреди извор]

Во седницата претставници од Президиумот на АСНОМ одлучиле да кооптираат четири нови членови. Според записникот во Архивот на Македонија, членовите биле кооптирани поради: „...брзото свикување на АСНОМ, запоставиле извесни краишта на Македонија, се усвојуват предложенијата за кооптирање на следните лица за народни претставители во АСНОМ“.[1][5]

Кооптирани членови[6][7]
Име Датум на раѓање Место на раѓање Професија
Кирил Крстев 20 јули, 1909 Прилеп Работник
Васил Калајџиовски н/п Вевчани, Струшко Судија
Живко Брајковски 5 септември, 1917 Беличица, Гостиварско Земјоделец
Абдула Алија[б 2] н/п Прешево, Србија Работник

Формирање на поверенства

[уреди | уреди извор]

За време на седницата првите поверенства на Президиумот на АСНОМ биле формирани. Осум нови функции биле основани: Поверник за информации, внатрешни работи, просвета, народно стопанство и обнова, финансии, соопштенија и градежниство, социјална политика и за судство. За повереници биле одбрани:

повереници[8][9][10]
Функција Име Датум на раѓање Место на раѓање
Поверенство за информации Панко Брашнаров 9 август, 1883 Велес
Поверенство за внатрешни работи Кирил Петрушев 20 март, 1895 Богданци
Поверенство за просвета Епаминонда Поп Андонов 2 ноември, 1898 Струмица
Поверенство за народно стопанство и обнова Лазар Соколов 18 март, 1914 Куманово
Поверенство за финансии Богоја Фотев 14 август, 1900 Герман, Леринско
Поверенство за соопштенија и градежниство Страхил Гигов 16 септември, 1909 Велес
Поверенство за социјална политика Ацо Петровски 1901 Скопје
Поверенство за судство Петре Пирузе 5 мај, 1907 Охрид

Административна поделба на Македонија

[уреди | уреди извор]

Под новото решение од Президиумот на АСНОМ, Македонија била поделена во четири области. Тие биле: Скопски, Битолски, Штипски и Кичевско-дебарски област. Подоцна во октомври истата година, после средбата во Горно Врановци, Кичевско-дебарскиот област бил укинат. Во областите влегле следните општински народноослободителни одбори:

Поделба[11][12]
Број Име Населени места
I Скопска област[б 3] НОО Челопек, НОО Велес, НОО Ореов Дол, НОО Кратово, НОО Куманово, НОО Скопје и НОО Крива Паланка
II Битолска област НОО Долно Дисан, НОО Кавадарци, НОО Гевгелија, НОО Ресен, НОО Битола, НОО Десово и НОО Прилеп
III Штипска област НОО Прилеп,[б 4] НОО Кочани, НОО Берово, НОО Струмица и НОО Штип
IV Кичевско-дебарска област НОО Дебар, НОО Галичник, НОО Вевчани, НОО Дебрца, НОО Белчишта, НОО Гостивар, НОО Маврово и НОО Кичево

Раководители на одборите

[уреди | уреди извор]

Заедно со територијалната поделба биле назначни раководители на новоформираните народноослободителни одбори. Тие биле:

Раководители
Бр. Бр. на област Област НОО Раководител
1 I Скопска област Челопек Младен Георгиев
2 I Скопска област Велес Мино Богданов
3 I Скопска област Ореов Дол Стоилко Иванов
4 I Скопска област Кратово Никола Мицев
5 I Скопска област Куманово Гојчо Стевков
6 I Скопска област Крива Паланка Трајко Цветанов
7 II Битолска област Долно Дисан Камбер Хасан
8 II Битолска област Кавадарци Никола Минчев
9 II Битолска област Гевгелија Ристо Бајалски
10 II Битолска област Ресен Илија Божиновски
11 II Битолска област Десово Милан Стефанов
12 II Битолска област Прилеп Димче Миревски
13 II Битолска област Битола Борко Темелкоски
14 III Штипска област Прилеп Вера Ацева
15 III Штипска област Кочани Никола Вражалски
16 III Штипска област Берово Страхил Бајовски
17 III Штипска област Струмица Борис Поцков
18 III Штипска област Штип Исак Сион
19 IV Кичевско-дебарска област Дебар Кемал Аголи
20 IV Кичевско-дебарска област Галечник Живко Брајковски
21 IV Кичевско-дебарска област Вевчани Васил Калајџиовски
22 IV Кичевско-дебарска област Дебрца Кирил Крстев
23 IV Кичевско-дебарска област Белчиште Лазар Гиновски
24 IV Кичевско-дебарска област Гостивар Видое Смилевски
25 IV Кичевско-дебарска област Маврово Елисие Поповски

Дополнителни придонеси

[уреди | уреди извор]
Трета и последна страница на записникот за седницата.

За делегати во Националниот комитет на Народнотоослободување на Југославија биле одбрани:[13][14][15]

Име Датум на раѓање Место на раѓање
Киро Глигоров 3 мај, 1917 Штип
Лазар Соколов 18 март, 1914 Куманово
Ацо Петровски 1901 Скопје
Богоја Фотев 14 август, 1900 Герман, Леринско
Методија Андонов Ченто 17 август, 1902 Прилеп

Било решено да ги пратат во Бари следните делегати:

Име Датум на раѓање Место на раѓање
Владо Полежина 30 мај, 1913 Кичево
Илија Џувалековски 20 декември, 1915 Прилеп

Било решено да ги пратат во Москва следните делегати:

Име Датум на раѓање Место на раѓање
Венко Марковски 5 март, 1915 Скопје
Димитар Влахов 8 ноември, 1878 Кукуш

Решенија

[уреди | уреди извор]

Во седницата, следните решенија била усвоени:

  • Решение на Президиумот на АСНОМ за организирање поверенства при Президиумот на АСНОМ и назначување на повереници.[10]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за поделбата на Македонија во области.[16]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за именување лица за организирање на народноослободителни одбори во Македонија.[16]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за издавање на бонови како платежно средство.[17]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за избирање членот на АСНОМ Тоде Ношпал од Прилеп за член на АВНОЈ.[18]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за испраќање членови при Националниот комитет на ослободување на Југославија, во Бари и во Москва.[18]
  • Решение на Президиумот на АСНОМ за кооптирање членови во АСНОМ.[19]
  • Полномошно од Президиумот на АСНОМ на народните претставници од II област задолжени за организирање избори на народноослободителни одбори.[20]

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Благој Минов бил заменет поради тоа што загинал во борбите против фашистите.
  2. Во оригиналниот записник на седницата не е спомнат, но подоцна е именуван во службениот весник на Македонија во 1945 година.[5]
  3. Поради тогашните военополитички услови, границата на Скопската околија не била целосно дефинирана. Делови од Косово, Гора, Св. Прохор Пчински и Јужна Србија биле во состав на Скопскиот област. Поради тоа во февруари 1945 се развило спор меѓу СР Македонија и СР Србија.
  4. Прилепско било поделено меѓу Битолската и Штипската област. Сепак Народноослободителниот одбор на Прилеп функционирал во двете области.
  1. 1 2 Христовски 1984, стр. 209.
  2. Чапов 2018, стр. 103.
  3. Христовски 1984, стр. 212.
  4. Чапов 2018, стр. 105.
  5. 1 2 Христовски 1984, стр. 218-219.
  6. Јанакиевски 2020, стр. 77.
  7. Јанакиевски 2020, стр. 85.
  8. Чапов 2018, стр. 103-104.
  9. Христовски 1984, стр. 210.
  10. 1 2 Христовски 1984, стр. 213.
  11. Христовски 1984, стр. 210-211.
  12. Христовски 1984, стр. 215.
  13. Христовски 1984, стр. 211.
  14. Христовски 1984, стр. 217-218.
  15. Чапов 2018, стр. 104.
  16. 1 2 Христовски 1984, стр. 214.
  17. Христовски 1984, стр. 216.
  18. 1 2 Христовски 1984, стр. 217.
  19. Христовски 1984, стр. 218.
  20. Христовски 1984, стр. 219.

Употребена литература

[уреди | уреди извор]
  • Христов, Александар (1984). Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ. 1. Скопје: Архив на Македонија.
  • Чапов, Кирил (2018). Создавањето на македонската држава и појавата на македонското црковно прашање 1943-1946 година (PDF). Скопје: УКИМ.
  • Јанакиевски, Павле (2020). Идеи, платформи и концепти за создавање на Независна Македонска Држава (1941-1949) (PDF). Скопје: УКИМ.

Дополнителни дела

[уреди | уреди извор]