Прва македонска ракометна лига
| Земја | |
|---|---|
| Конфедерација | ЕХФ |
| Создадена | 1992 |
| Број на екипи | 14 |
| Унапредување во | Супер лига |
| Ниво на пирамидата | 2. ранг |
| Домашен куп(ови) | Куп на Македонија |
Првата македонска ракометна лига — второ по ред ракометно натпреварување во Македонија во машка конкуренција, по Супер лигата. Првакот обезбедува пласман во Супер лигата.
Формат на натпреварување
[уреди | уреди извор]До сезоната 2024/25, екипите биле поделени во две групи (А и Б), а најдобрите пет екипи во двете групи се пласирале во плеј-оф разигрувањето за пласман во Супер лигата, додека пак екипите пласирани од шестото до деветтото место играле во плеј-аут разигрувањето.
Сезоната 2025/26 ќе се игра во двокружен систем, каде што сите екипи играат помеѓу себе на домашен и на гостински терен, вкупно 26 натпревари во сезоната по екипа. Првопласираната екипа на крајот на сезоната обезбедува пласман во Супер лигата, а второпласираната екипа игра бараж натпревар на неутрален терен со претпоследната екипа од плеј-аут разигрувањето во Супер лигата.[1] Нема испаѓање од лигата.
Тековни екипи
[уреди | уреди извор]Список на екипи кои се натпреваруваат во сезоната 2025/26.
| Екипа | Град | Сала | Капацитет |
|---|---|---|---|
| Аеродром | Скопје | СЦ Јане Сандански (мала сала) | 1000 |
| Астраион Хендбол | Струмица | Спортска сала Парк | 1800 |
| Вардар Неготино | Неготино | Спортска сала Св. Кирил и Методиј | 500 |
| Драчево | Скопје | Училишна сала Архиепископ Доситеј | 300 |
| Јехона | Гостивар | Спортска сала Младост | 1500 |
| Кичево 2020 | Кичево | Спортска сала Јанчица | 1000 |
| Македонија ЃП | Скопје | Спортска сала Кочо Рацин | 300 |
| Младост 1977 | Богданци | Спортска сала Млаз | 1000 |
| Мулти Есенс | Скопје | Спортска сала Автокоманда | 2000 |
| Овче Поле 1958 | Свети Николе | Спортска сала Цар Самоил | 500 |
| Партизан 2016 Спорт | Гевгелија | Спортска сала 26 април | 1600 |
| Преспа Вардар | Ресен | Спортска сала Зоран Стојановски | 1000 |
| Текстилец | Штип | Училишна сала Тошо Арсов | 300 |
| Шампион | Скопје | Училишна сала Архиепископ Доситеј | 300 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Првата лига со 14 екипи, се менува системот на натпреварување 24rakomet.mk 2 јули 2025
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||