Прва македонска мерида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Монетоковање од Амфиполис - Прва македонска мерида

Прва македонска мерида - автономна административно-политичка и економска област, формирана по паѓањето на Македонија под римска власт (168 г.пр.н.е.). [1]

Ги зафаќала териториите помеѓу реките Стримон (Струма), и Нестос (Места), вклучувајќи ги и македонските владеења до реката Хеброс (Марица), како и областа Бисалтија. Центар на областа бил градот Амфипол.[1]

Во монетарниците во Тесалоника, Пела и Амфипол, во периодот 148–31 г. пр.н.е. биле повремено ковани ѝ монети за посебни пригоди.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 389. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. „МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-27. Посетено на 2021-12-27.