Прва македонска артилериска бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва македонска артилериска бригада
Активна16 декември 1944
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Прва македонска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Бригадата бил формирана на 16 декември 1944 година во артилериската база бр. 8 во касарната на Скопското кале. Таа била составена од битолската, скопската, струмичката и кумановската артилериска бригада. Бригадата била стационирана во касарната на Скопското кале, во Артилериската база бр. 8. Првиот артилериски дивизион на бригадата учествувал на божиќните демонстрации и поради тоа тој бил разоружан со наредба на ГШ и неговите борци биле распоредени во други бригади. Вториот дивизион бил обучен од македонски и руски стручни лица, имало прилив на нови борци и биле создадени две артилериски бригади: прва и втора. Со наредба на Тито на 20 февруари, тие биле испратени на Сремскиот фронт, каде пристигнале на 2 март 1945.[1]

Команда[уреди | уреди извор]

Команданти на бригадата биле[1]:

Политички комесари на бригадата биле Борис Петковски Симеонов и Петар Лаковиќ, а нивни заменици биле Боро Арсовски и Бранко Кузмановски - Гуцман, а како политички комесар на Базата бр. 8 бил Владо Стругар.[1]

Бригадата била составена од Прв артилериски дивизион, Втор артилериски дивизион и еден противавионски дивизион.[1]

Командниот состав на првиот дивизион бил:[1]

Командниот состав на вториот дивизион бил:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​151-52

Поврзано[уреди | уреди извор]