Прејди на содржината

Прва дама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бела Кочарјан, Лора Буш, Људмила Путина и Зорка Прванова — први дами на Ерменија, САД, Русија и Бугарија, соодветно, во 2003 година.

Прва дама (англиски: First Lady) — сопруга на шефот на државата (или, во некои случаи, сопруга на премиерот) во земја со републиканско уредување.[1][2] Според протоколот, таа има претставничка улога и го придружува својот сопруг на јавни, политички и хуманитарни настани. Првата дама во историјата на независна Македонија била Нада Глигорова, сопруга на првиот претседател, Киро Глигоров. Таа ја извршувала оваа улога од 1991 до 1999 г.

Во САД, изразот првпат бил употребен во 1849 г., кога 12-тиот претседател, Закари Тејлор, ја нарекол така сопругата на 4-тиот претседател, Џејмс МедисонДоли Медисон, во својот панегирик на нејзиниот државен погреб.

Меѓутоа, првата жена што била нарекувана „прва дама“ додека ја извршувала таа улога била Хариет Лејн — внука на 15-тиот претседател на САД, Џејмс Бјукенан. Бјукенан бил единствениот неженет претседател на САД, па неговата внука ги презела бројните и сложени обврски на „домаќинка на Белата куќа“, вклучувајќи и церемонијални и домаќински должности.

Сепак, изразот добил општо прифаќање дури во 1877 г., кога новинарката Мери Ејмс во својот извештај за преземањето на должноста на претседателот Радерфорд Хејс го употребила изразот „прва дама“ за неговата сопруга, Луси Веб Хејс — исклучително популарна жена во САД.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]