Прашки метроном

Од Википедија — слободната енциклопедија
Метрономот во Прага

Прашкиот метроном кој е висок 23 метри се наоѓа во паркот Летна, од каде што се гледа реката Влтава и центарот на градот Прага.[1] Тој бил подигнат во 1991 година, на местото каде што се наоѓал огромниот споменик посветен на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин, кој бил срушен во 1962 година. Метрономот е дизајниран од уметникот Вратислав Новак.

Иако метрономот е функционален, тој не е секогаш оперативен. [2]

Местото сега најмногу се користи за средби на скејтбордери.

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. „Prague Metronome“. Atlas Obscura (англиски).
  2. „The Red Metronome: Prague’s Communist Past“. PopMatters (англиски). 12 February 2015. Посетено на 29 July 2018.