Прасика
| Прасика (Калина) | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Грмушки |
| Ред: | Листопадни |
| Семејство: | Oleaceae |
Прасика или калина (науч. Ligustrum vulgare)— листопадна грмушка од родот прасика што потекнува од Средна и Јужна Европа и Северна Африка[1] Листовите се спротивно поставени, елипсовидни, на врвот заострени[1]. Цветовите се бели, собрани во метлести соцветија, а плодовите се црни бобинки[1]. Кај нас е застапена во дабовиот регион на повлажни станишта[1]. Ценета грмушка за создавање живи огради[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Листопадна или полузимзелена грмушка, 1–3 метри висока, со сива кора. Младите гранчиња со куси меки влакненца или голи, кафеави. Пупките ситни, јајцевидни, зашилени, кафеави, голи или со ретки влакненца. Листовите се копјести, издолжено-копјести или елиптични, 2 -5,5 см долги, 1–2 см широки, во врвниот дел тапи или заострени, во основата клиновидно зашилени, по рабовите малку подвиткани, голи, полукожести, остануваат на гранчињата сè до почетокот на зимата, а честопати при поблаги зими и презимуваат. Лисната дршка е 3–5 мм долга. Цветовите миризливи, собрани во густи пирамидални метличести соцветија со должина до 10 см; главната дршка на сооцветието препокриенае со куси меки влакненца. Чашката ѕвончевидна, околу 1,5 мм долга со 4 куси запци. Венчето бело, венечната трубичка е двапати подолга од чашката, а со еднаква должина со четирите венечни сегменти. Прашниците со куси филаменти и издолжени антери, покуси од венечните сегменти. Плодот топчеста или јајцевидна сјајна црна бобинка со дијаметар од 6–8 мм.[2]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Расте покрај патишта, клисури, по рабови и на отворени места во дабови шуми, камењари, до 1400 метри надморска височина.[2]
Познат е за Скопје, Водно, Скопска Црна Гора, клисурата на Пчиња, Треска, Челопек, Куманово, Жеденска Клисура, Велес, клисурата на Тополка, клисурата на Радика, Дебар, Кичевско, Баба Сач, Охрид, Осогово, Битолско, Ресен, Беласица, Дојран и други места.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 Андоновски, Александар (2009). „Прасика (Калина)“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1207. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста
|isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link) - 1 2 3 Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 22 издавач: МАНУ, Скопје, 2010