Прејди на содржината

Празнување на ден на трудот во 1896 година (Софија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Празнување на ден на трудот
Датум1 мај, 1896
Времетраењенепознато
Одржувалиште
Список
МестоСофија, Кнежевство Бугарија
ТематикаСоцијализам

На 1 мај, 1896 година дејци на социјалистичкото движење во Бугарија организирале прослава за ден на трудот во бугарската престолнина. Празнувањето е делумно преобработено и проучувано во Македонската историографија поради нејзината улога во развитокот на раното македонско социјалистичко движење. Прославата претставувало првото празнување на ден на трудот од страна на македонскиот народ.[1][2]

Во празнувањето присуствувале истакнати македонски социјалисти и политички дејци, меѓу нив биле: Васил Главинов, Атанас Раздолов, Гоце Делчев и Алексо Мартулков. При настанот полицајците во Софија ги малтретирале македонските учесници. Знамиња и други симболи кои прикажале поддршка кон македонското национално движење биле одземени и уништени. Историчарот Христо Андонов Полјански наведил дека едиствените преживеани документи кои сведочат за настанот биле мемоарите на македонскиот социјалист Алексо Мартулков, еден извештај од британскиот конзул во Софија и статијата „Другари Македонски револуционери“, издаден од Македонската социјалистичка група.

Васил Главинов бил меѓу главните редактори на весникот „Револуција“.

Историјатот на македонското социјалистичко движење почнало со Васил Главинов, кој е познат во Македонската историографија како првиот пропагатор на социјализмот во Македонија.[3][4][5] Поради неговата бедна сиромаштија во 1887 година се преселил во Софија со печалбарски поттик. Васил Главинов отпрвен се вработил во туларска фабрика и после во дрводелска. При неговиот престој паднал под влијание на социјализмот кога се запознал со литературата на дејци на социјалистичкото движење во Бугарија. Во 1892 година се приклучил во работничкото друштво „Братство“ предводено од страна на Димитар Благоев, таткото на Бугарската комунистичка партија со македонски корен.[6]

Во 1890-тите со развитокот на македонското национално движење, дејци од Бугарската егзархија, предводени од Васил К'нчов, почнале нападно да ја шират бугарската пропаганда во Македонија. Македонската емиграција во Бугарија особено страдала под новите услови. Главинов бил против политичките одлуки на егзархијата, поради тоа тој изразил желба да се формира социјалистичка група која би се борела за правдата на македонскиот народ.[7] Во есента 1894 година Главинов имал можност да се врати во неговиот матичен град каде се запознал со младиот поединец Алексо Мартулков. Според сеќавањето на Мартулков, почнал да се определува кон социјализмот кога Главинов му ја подарил брошурата „Студентство и социјализам“ од Никола Габровски. Поради тоа Мартулков одлучил да се приклучи во работилницата на Главинов сместена во булеварот „Марија Луиза“, Софија.[8][9]

Алексо Мартулков забележал дека главните претставници на работилницата во тоа време биле: Стојан Русев — главниот редактор на весникот „Револуција“, Атанас Раздолов кој и покрај тоа што не бил социјалист сѐ уште учествувал,[10] Димитар Мирасчиев — социјалист од Штип, Андон Шулев и Стојан Попов со неговата жена Роза Попова. Стојан бил социјалист кој подоцна станал познат автор со неговите детски творби во Бугарија додека неговата жена работела во градскиот театар како уметник и глумица. Со нејзиното искуство во уметноста таа го направила дизајнот на македонското знаме кое било употребено во прославата.[9][11][7][12]

Прослава

[уреди | уреди извор]

Работници Македонци! Искористите го работничкиот празник 1 мај и издигните го моќно својот глас на протест против турската тиранија и нека го туриме началото на борбата за полното ослободување на Македонија од сите крстени и некрстени јанкесеџии!“

Позивот на Македонската социјалистичка група за 1 мај, 1896 година, [13][14]
Роза Попова
Алексо Мартулков

Пред почетокот на манифестацијата, во домот на Андон Шулев, македонските социјалисти го подготвувале манифестото и знамето за Македонската социјалистичка група. Роза Попова го искористило нејзиното искуство во уметноста да го направи организационото знаме. Знамето било шиено со црвена коприна и срмата била со чисто злато. Саздо Шулев — таткото на Андон Шулев, го увезил златото од Виена, престолнината на Австроунгарија, кога работел таму со неговата трговска фирма. Алексо Мартулков запомнил во неговите спомени како „трескаво се готвеле“ за настанот.[15][16] На самиот ден бугарските офицери им дале наредба да не го користат знамето поради нејзината македонска содржина. Поради тоа социјалистичките дејци пратиле делегација составена од Андон Шулев, Игно Драндаров и Атанас Раздолов и одлучиле да го посетат тогашниот градоначалникот на Софија, кој бил Димитар Моллов од Прогресивнолибералната партија создадена од Драган Цанков.[16][10]

При нивната средба делегацијата нејќеле да отстапат од нивните барања. Поради тоа градоначалникот им се заканил, наведувајќи дека ако го користеле македонското знаме при манифестацијата тогаш би биле уапсани. Покрај заканата делегацијата соопштила: „Ние, македонските социјалисти — револуционери, и покрај сето ова, ќе манифестираме така како што сметаме дека е целесообразно“.[1][17] За да ја надминат забраната дршката на знамето било изработено во повеќе дела за да може да се зглоби и разглоби. Дршката била состовена од три дела, кои еден со друг се прицврстувале со помошта на цилиндрични желевца. На врвот на знамето било изработено бакарна кама. Мартулков го носел знамето и камата, на една страна знамето го содржило геслото „Ослободувањето на Македонија е дело на Македонците“ на другата страна пишувало „Македонија на Македонците“.[18] Според Мартулков, камата на врвот од знамето било симбол дека ослободувањето на Македонија можело да се оствари само преку вооружена борба.[19]

Македонците биле значителна група меѓу учесниците, по четворица во ред манифестирале заедно. Според британскиот конзул Елиот, околу 50-мина млади машки Македонци учествувале.[20] Многупати при манифестацијата го вееле нивното патриотско знаме, но кога полицајците пробале да го одземат тие ја поделиле дршката во три дела и ги скриле во нивните џебоби. Алексо Мартулков ја чувал главната дршка на знамето поради тоа што Васил Главинов сметал дека полицијата би немале сомнение во младинец, Мартулков бил 17 години кога се одвивала манифестацијата — најмладиот член.[21]

Васил Главинов

Утрото македонските социјалисти излегле од работилницата на Васил Главинов, сместена во булеварот „Марија Луиза“, и стигнале до Борисовата градина покрај пред ручек. Ручале во Борисовата градина заедно со другите социјалисти, при нивниот престој имало музика и некои играле оро. Македонските претставници играле ора од македонскиот фолклор. Во нивното прво оро Алексо Мартулков со фесот на главата го водел. После полчас нивното играње го привлекло вниманието на бугарските полицајци и тие се обиделе да им го земат нивното знаме, но Алексо Мартулков, како што се договориле со Главинонв, го скрил главниот дел на дршката во неговиот џеб и успешно избегнал. После забавата манифестацијата продолжила во булеварот Граф Игнатиев и подоцна во плоштадот Славејков. Во плоштадот претставници од другите социјалистичките организации држеле говор каде што ги прикажале нивните организациони цели. За Македонската социјалистичка група главниот говорник бил Андон Шулев, во нивното манифесто тој ја истакнал главната цел на социјалистичката организација — автономија на Македонија и Одринско и нејзиното идно приклучување во Балканска федерација.[22]

Истовремено кога се одвивала манифестацијата Гоце Делчев престојувал во Софија заедно со Ѓорче Петров, двајцата биле пратени од Задградничното претставниште. Алексо Мартулков истакнал во неговите мемоари дека меѓу набљудувачите бил и Гоце Делчев — срцето на македонското револуционерно движење. Делчев ракоплескал на говорот на Андон Шулев и тоа оставило силен впечаток врз Мартулков. Првата средба меѓу Мартулков и Делчев се сметаат за корените на односот меѓу Македонската револуционерна организација и Алексо Мартулков.

Манифестацијата продолжила од плоштадот Славејков низ улицата „Александар I“ именувано во чест на Александар Батенберг кон дворот. При нивниот марш полицајците ги запрале покрај улицата „Алабинска“ и им дале наредба да не продолжат со манифестацијата. Сурова дебата се развила меѓу полицајците и социјалистите и почнале да се борат. После некое време биле принудени да го сменат нивниот пат. Наместо дворот тие одлучиле да маршираат кон работничкиот клуб сместен денес во булеварот „Цар Борис III“. Кога стигнале до работничкиот клуб имало краткотрајна забава, после неколку часа прославата завршила и социјалистите се вратиле во нивната работилница.[23]

Надворешни ставови

[уреди | уреди извор]

Во едно писмо насочено кон Маркиз од Солзбери во 4 мај, 1896 година, британскиот конзул во Софија Ф. Елиот коментирал за учеството на македонската емиграција во прославата и како биле дискриминирани од страна на бугарската власт:

Мој Лорде,

Месниот македонски Комитет намераваше да им се придружи на социјалистите во Софија во демонстрацијата на 1 мај и за случајов подготви знаме со револуционерно мото. Меѓутоа, нивното знаме беше запленето од властите и потоа беше вратено. Им беше кажано дека тоа ќе биде конфискувано, ако со него се парадира до улиците.

Поради тоа, социјалистите парадираа сами откако присобраа околу педесет млади момчиња. Маршираа низ градот во придружба на жандарми на коњи.

Следниот ден се одржа служба во Катедралата за комеморација на дваесет годишнината од избувнувањето на востанието во Панаѓуриште. Потоа се одржаа говори пред паметникот на патриотот Левски.

Во обата дни настаните се одвија сосем во ред.

Јас имам чест да бидам, со највисока почит, Moj Лорде, на Вашето Лордство, најверен, докорен Слуга, Ф. Елиот.

Ф. Елиот, [20]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Пановски, Доне (1983). Писателите на Илинден. Наша книга. стр. 50–51.
  2. Зографски, Данчо (1968). Васил Главинов. Радио-телевизија. стр. 12.
  3. Зографски, Данчо (1990). За македонското прашање. Мисла. стр. 435. ISBN 9788615001636.
  4. Стојановски, Александар (2003). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 167.
  5. Константинов, Душко (1971). Даме Груев 1871-1971. Генијален револуционер, идеолог и организатор на македноскиот народ. Друштво за проучување на Илинденските настани "2. август 1903". стр. 52–53.
  6. Мојсов 1949, стр. 8-9.
  7. 1 2 Мојсов 1949, стр. 10.
  8. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје I“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја.
  9. 1 2 Станковиќ, Далибор (2020). Социјалистите во Македонското револуционерно движење (1893-1912) (PDF). УКИМ. стр. 55–56.
  10. 1 2 Христов, Александар (1979). Прилози за Илинден 1978, материјали од Научниот собир Местото на Илинденското востание и Крушевската република во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување, одржан на 3, 4 и 5 август 1978. г. во Крушево по повод 75-годишнината од Илинденското востание. Совет Десет дена Крушевска република. стр. 807.
  11. Станковиќ, Далибор (1 мај 2023). „Кога Македонците за првпат го одбележаа 1 Мај“. Нова Македонија.
  12. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Членови на групата беа: редакторот на „Револуција" Стојан Русев (во него немаше ништо социјалистичко; тој поскоро беше нешто како анархисти свој род), Атанас Раздолов од Малешевско (поет, не беше лишен од талент, но многу беше се пропил, та неговата даровитост отиде по пустина; тој поскоро беше народник и го привлекуваше секаква посензационална акција), Димитар Мирасчиев, родум од Штип (симпатизер социјалист, стопроцентен национал револуционер, кој играше голема улога во изградувањето на нашето националнo револуционерно движење; особено се истакна со своето херојско држење за време на прочуената во нашата историја „Виничка афера"; до крајот на својот живот беше истакнат прогресивен македонски револуционер), Стојан Попов - Чичото (поет, којшто особено се пројави во детската литература; него социјалистичките идеи го обземаа во извесен период, за да исчезнат во друг), жената на Стојан Попов, Роза Попова (една од талантливите артистки и првите создатели на бугарскиот театар; имаше голем ентузијазам да биде полезна во ослободителното дело на македонскиот народ, само што ѝ недостасуваше социјалистичка култура), Андон Шулев, родум од Велес
  13. Мојсов 1949, стр. 11.
  14. Главинов, Васил (1898). Възвание къмъ Македонския работенъ народъ. Софија: Македонската работничка библиотека
  15. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Тоа сето беше во дните пред Први мај. Трескаво се готвевме за неговото отпразнување. Мене ме опфати неопислив ентузијазам, затоа што за прв пат во својот живот ќе земам учество во една улична манифестација со пригодна свеченост, — манифестација во која гледавме средство за подготвување и опробување на силите за водење на борбата за остварувањето на идеалите што ми беа најскапото и свето во мојот живот. Ги приготвувавме транспарентите со соодветни пароли за мајската манифестација. Главно беше да се приготви знамето. Тоа се шиеше и везеше во домот на Андом Шулев. Материјата беше од најфина црвена коприна, срмата беше од најчисто злато. (Се наоѓаше во куќата на Шулев; ја донесол уште од старо време татко му Саздо Шулев од Виена, каде што тој често одел поради своите големи трговски врски со Австрија).
  16. 1 2 Андонов Полјански 1973, стр. 82.
  17. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Ваквата забрана од страна на полицијата многу не обеспокои и бевме избрале една делегација да отиде до градоначалникот на престолнината, народникот Славков, да протестира. Делегацијата беше составена од другарите: Андон Шулев, Игно Драндаров и Атанас Раздолов. При среќавањето нивно со градоначалникот, овој изрично им рекол дека ако се обидат членовите на нашата група да манифестираат како Македонци, со македонско знаме, ќе биде принуден да прибегне кон сурови мерки со апсење на виновните. Нашиве другари најенергично протестирале против ваквиот однос на власта, бидејќи не е во склад со тогашната конституција (уставот) на Бугарија. И затоа, рекле делегатите: „ние, македонските социјалисти — револуционери, и покрај сето ова, ќе манифестираме така како што сметаме дека е целесообразно".
  18. Апостолски, Михајло (1969). Историја на македонскиот народ. Нова Македонија. стр. 200.
  19. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Неа заедно знамето јас ја носев за време на манифестацијата, а деловите од дршката, другите другари. На знамето на едната страна беше извезена паролата: „Ослободувањето на Македонија е дело на Македонците", а на другата страна паролата „Македонија на Македонците". Камата на врвот од знамето означуваше дека ослободувањето на Македонија може да се оствари само преку вооружена борба.
  20. 1 2 Андонов Полјански 1973, стр. 84.
  21. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Ние, Македонците, сочинувавме значителна група во редиците на манифестантите. Здружно, по четворица во ред, бодро манифестиравме. На многупати знамето го развевавме при манифестирањето по улиците и тоа при најпрометните места. Штом ќе го видеа веднаш полицајците развеаното знаме, веднаш се втурнуваа за да ни го одземаат. Меѓутоа, ние успевавме веднаш да го разглобиме. И знамето и камата ги прибирав јас, исчезнувајќи во редиците на манифестацијата, а тоа мене ми беше возможно, зашто бев речиси детиште и лесно можев да се сокривам. Претходно ќе си го скриев в џеб моето февче и ќе си го турев каскетот, што за секој случај го носев со мене. Јас си го носев уште февчето на глава за да се истакнува моето скорешно доаѓање од Македонија и уште на тој начин да се манифестира.
  22. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. По почивката во „Борисовата градина" манифестантите тргнаа низ булеварот „Грaф Игнатиев", и на плоштадот „Славејков“ се запреа. Тука одржаа говори по повод празникот. Меѓу другите, зборуваше и Андон Шулев од името на нашата група. Наспомнувајќи ја главната цел на нашето движење, тој истакна дека нашата задача е да се бориме за извојување полна автономија на Македонија и Одринско и за нејзиното гарантирање, за создавањето на Балканската федерација, во кој случај би исчезнале причините што ги разделуваат балканските народи, не би имало веќе непријателски односи меѓу нив, би било гарантирано и нивното слободно и независно постоење
  23. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје II“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија (PDF). Скопје: Институт за национална историја. Манифестацијата тргна од плоштадот „Славејков" низ улица „Александар Први" кон дворецот, но полицијата при пресеката на улица „Алабинска“ ни го пресече патот, не дозволувајќи да поминеме покрај дворецот. Ние лесно не се потчинивме на оваа полициска наредба и стана тепање со полицијата. На крајот на краиштата, таа надви и бевме принудени да се вратиме низ улица „Алабинска", продолжувајќи да манифестираме. Кај Работничкиот клуб манифестацијата се заврши. Сето ова укажа големо влијание на мене за да се зацврстат моите социјалистички убедувања, коишто и до денешниов ден ми се најсветото во животот.

Користена литература

[уреди | уреди извор]