Празни мисли на еден мрзливец

Од Википедија — слободната енциклопедија

Празни мисли на еден мрзливец“ (англ. Idle Thoughts of an Idle Fellow), (изд. 1886 г.), е збирка хумористични состави од авторот Џером К. Џером. Ова е втора книга на авторот, која му помогнала да се зацврсти како најистакнат хуморист во Англија. Иако се вбројува во неговите најдобри дела и е напишано во ист стил како претходното дело „Тројца луѓе во чамец“ (Three Men in a Boat), оваа книга воопшто не доживеала таков успех. Книгата престанала да се печати пред долги години, но во 2002 излегло издание со мека подвеска.

Во 1898 г. било објавено продолжение на книгата, насловено како „Уште празни мисли“ (The Second Thoughts of An Idle Fellow).

Првото издание од 1886 г.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од 14 независни глави подредени по тематика:

  1. ЗА МРЗЛИВОСТА.
  2. ЗА ВЉУБЕНОСТА.
  3. ЗА НЕРАСПОЛОЖЕНОСТА.
  4. ЗА БЕСПАРИЦАТА.
  5. ЗА СУЕТАТА И ВООБРАЗЕНОСТА.
  6. ЗА УСПЕХОТ ВО ЖИВОТОТ.
  7. ЗА ВРЕМЕТО.
  8. ЗА МАЧКИТЕ И КУЧИЊАТА.
  9. ЗА СРАМЕЖЛИВОСТА.
  10. ЗА БЕБИЊАТА.
  11. ЗА ЈАДЕЊЕТО И ПИЕЊЕТО.
  12. ЗА НАМЕСТЕНИТЕ СТАНОВИ.
  13. ЗА ОБЛЕКАТА И ОДНЕСУВАЊЕТО.
  14. ЗА ПАМТЕЊЕТО.

Извадоци[уреди | уреди извор]

Постојат разни начини да станете озлогласен и осрамотен. Ако ладнокрвно убиете едно големо и уважено семејство, а потоа ги фрлите телата во резервоарот за водоснабдување, тогаш ќе станете мошне неомилен во соседството. Ако ограбите црква исто така ќе станете омразени, особено од попот. Но ако сакате до дно да ја исцедите омразата и презирот што може човек на човека да му ја истури, нека ве чуе некоја млада мајка како за нејзиното бебе ја употребувате заменката од среден род „it“.


Така е и со памтењето, никако не го добиваме во целина. Тоа е како своеглаво дете на кое сите играчки му се скршени. Се сеќавам еднаш како многу мал како се стркалав во една дупка, но воопшто не можам да си приспоменам како излегов од неа. Да морав да му верувам само на памтењето, ќе мислев дека до ден денес сум таму.


Невозможно е човек докрај да ужива во мрзеливоста освен ако не го чека многу работа. Не е забавно да не правите ништо кога навистина немате што да правите. Така губењето време ви станува занимање, и тоа најзаморното од сите занимања. Мрзеливоста е како бакнежот — за да биде слатка мора да се украде.


Пцуењето нè олеснува од непријатните чувства — тоа е неговата задача. Во една прилика тоа ѝ го објаснив на тетка ми, но ова не запали кај неа. Таа ми рече дека нема што да имам такви чувства.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Џером ја посветил книгата на неговиот другар и верен придружник во денгубата — лулето.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на англиски има изворна содржина поврзана со оваа статија: