Празник во Сараево

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Празник во Сараево“ (српскохрватски: Празник у Сарајеву) — филм на режисерот Бењамин Филиповиќ од 1991 година. Главните улоги ги играат: Мустафа Надаревиќ, Слободан Ќустиќ, Сњежана Мартиновиќ, Велимир Бата Живојиновиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат активностите на група криминалци кои не крадат во својата земја, туку во странство, а кои во жаргонот се наречени шанери. Тие крадат во европските земји, а за време на празниците се враќаат дома. Тогаш, тие се претвораат во обични луѓе: некои имаат семејства, некои само родители, а некого го напуштила сопругата. По завршувањето на празниците, тие пак се враќаат во странство, оставајќи го животот за некој следен празник...

Наводи[уреди | уреди извор]