Празната куќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Празната куќа  
Return of sherlock holmes.jpg
Корица на првото издание на книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“.
АвторСер Артур Конан Дојл
Наслов на
оригиналот
The Adventure of the Empty House
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
СеријалВраќањето на Шерлок Холмс
Жанр(ови)детективски расказ
ИздавачStrand Magazine
Издадена1903
Медиумпечатено
Претходнанема
СледнаНорвудскиот градежник

Празната куќа или Авантурата во празната куќа (англиски: The Adventure of the Empty House) е една од 56-те раскази за Шерлок Холмс напишани од шкотскиот писател Сер Артур Конан Дојл. „Празната куќа“ е еден од 13 раскази во книгата Враќањето на Шерлок Холмс. Јавниот притисок го натерал Конад Дојл повторно да објавува раскази со Шерлок Холмс, поточно да го оживее Шерлок Холмс по смртта на ликот во претходната книга. Самиот Конан Дојл ја ставил овој расказ на шестото место на неговиот список на омилени раскази за Шерлок Холмс.

Сиже[уреди | уреди извор]

Наспроти станот на Шерлок Холмс на Бејкер Стрит има празна куќа која гледа во станот на детективот и негова поставена восочна фигура. Фигурата била поставена како мамка за Себастијан Моран, преживеан соработник на професорот Моријарти. Во април 1894 година, Вотсон (сега веќе вдовец) оди во Парк Лејн 427 каде бил убиен младиот коцкар Роналд Адер. Вотсон налетал и се судрил со еден стар колекционер на книги, кој патем го следи до неговите простории и на крај открива дека всушност колекционерот е Шерлок Холмс. Во продолжетокот, Шерлок Холмс му објаснил на Вотсон како ја преживеал битката со професорот Моријарти, што работел до тој момент и како се снаоѓал. Понатака, двајцата продолжуваат со нивните детективски авантури.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Празната куќа, Враќањето на Шерлок Холмс, Конан Дојл, Лондон, 1903.

Поврзано[уреди | уреди извор]