Право на азил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Барателите на азил по земја на потекло во 2009 година.
  40,000 баратели на азил

Правото на азил (понекогаш наречено право на политички азил, од старогрчкиот збор ἄσυνον)[1][2] — антички правен концепт, според кој едно лице гонето од сопствената земја може да биде заштитено од друг суверен орган, како на пример друга земја или црковен службеник, кој во средновековието можело да понуди засолниште. Ова право го признаавале Старите Египјани, Старите Грци и Старите Евреи, од кои било преземено во западната традиција. Рене Декарт избегал во Холандија, Волтер во Англија и Томас Хобс во Франција, затоа што секоја држава им нудела заштита на прогонетите странци.

Египјаните, Грците и Евреите го признавале религиозното „право на азил“, заштитувајќи ги криминалците (или оние кои се обвинети за кривично дело) од правно дејство до одреден степен. Овој принцип подоцна бил усвоен од воспоставената христијанска црква и биле развиени различни правила кои детално објаснуваат како да се квалификува за заштита и каков степен на заштита ќе добие некој.[3]

Советот на Орлеан во 511 година донел одлука, во присуство на Хлодовик Први, дека азил може да му се даде на секој што се засолнил во црква или на црковен имот, или во домот на епископ. Оваа заштита била проширена и на убијци, крадци и прељубници.

Дека „Секој има право да бара и да ужива во други држави азил од прогон“ било загарантирано во Универзалната декларација на Обединетите нации од 1948 година и поткрепена со Конвенцијата од 1951 година во врска со статусот на бегалците и протоколот од 1967 година што се однесува на Статус на бегалци.[4] Според овие договори, бегалец е лице кое е надвор од територијата на сопствената земја на таа личност, поради страв од прогон врз заштитени основи, вклучително раса, каста, националност, религија, политички мислења и учество во која било одредена социјална група или социјални активности.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Asylum – Definition“. Merriam-Webster Dictionary. Посетено на 7 февруари 2020.
  2. „asylum (n.)“. Online Etymology Dictionary.
  3. „Catholic Encyclopedia: Sanctuary“.
  4. „Convention and Protocol Relating to the Status of Refugees“.